Лоик Сера ќе ја превземе улогата на технички директор за шасија при неговото започнување со работа во Маранело на 1 октомври 2024 година.
Французинот кој дојде од редовите на Мерцедес АМГ ќе го заземе местото на Енрико Кардиле, кој летово ги спакува куферите за да се упати кон Астон Мартин.
Сера е едно од најзабележителните технички засилувања на Фред Васер откако стана тимски шеф на Ферари.
Французинот беше еден од најреномираните инженери на успешниот проект на Мерцедес АМГ и сега, на 52 години, започнува нова авантура во Маранело, која ќе се совпадне со неговиот пријател Луис Хамилтон.
Дуото Хамилтон-Сера повторно ќе се соедини во јануари 2025 година, но Французинот веќе ќе може да работи за Ферари во последните три месеци од оваа година.
Тој ќе ја преземе техничката насока на Формула 1 болидот за 2026 година и ќе поднесува извештај до Фред Васер, кој повторно ќе ја има само улогата на тимски шеф.
Сера, ќе биде главниот одговорен за проектот за шасијата, а одделите за перфоманси и аеродинамиката, ќе бидат под негова контрола, иако имаат посебен одговорен раководител.
Неговите должности не се поврзани со одделот за погонски единици, кој ќе продолжи да го води Енрико Гуалтиери, додека одговорен за 2026 проектот е Волф Цимерман.
Лоик Сера пристигнува како замена за Кардиле. Италијанецот беше еден од најдоверливите луѓе на Матија Биното за време на неговото четиригодишно раководство со тимот на Ферари.
Кардиле по долг престој во Маранело, се реши да ја промени средината и ќе биде технички директор во Астон Мартин.
Раководството на Ферари и тифозите во Лоик Сера гледаат големо засилување, од кое се очекува што поскоро да го врати шампионскиот сјај на тимот.
ОФИЦИЈАЛНО: ЛОИК СЕРА НОВ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ФЕРАРИ
9/05/2024 12:08:00 PM
0
Share to other apps