По Големата Награда на Италија, најмногу се зборуваше дека победата во Монца му припадна на возачот на Ферари, Чарлс Леклер.
Но, се тоа беше последица на тоа што Оскар Пјастри неочекувано го нападна својот тимски колега, кој во тој момент беше во водство.
Младиот Австралиец демонстрираше извонредни квалитети претекнувајќи го Ландо Норис, а потоа беше во можност да оствари завидна разлика во однос на вториот Мекларен.
Леклер одлично ја "прочита" таа ситуација и го искористи дуелот за да го земе второто место во тој момент од трката. За тоа како се развиваа понатамошните настани веќе пишувавме.
Последиците од маневарот на Пјастри може да се појават подоцна ако на Норис му фалат само неколку поени во однос на Макс Ферстапен за титулата. Да потсетиме дека во Монца Ландо го зазеде третото место, иако лесно можеше да победи, особено што стартуваше од пол позицијата.
Но, Марк Вебер, поранешен Ф1 возач, а сега менаџер на Пјастри, инсистира дека претекнувањето на шиканата Роџа само ја потврдило репутацијата на Оскар како одличен возач кој се одликува со неговиот тврд, но секогаш внимателен пристап.
"Оскар се бори напорно на патеката, но е внимателен и покажува почит кон своите противници, и тоа повторно го видовме минатиот викенд на свиокот 4 во Монца."
"За да ја помине шиканата, тој мораше да биде исклучително прецизен при сопирањето и исто така одлично да го заврши маневрот, што беше уште една потврда за неговата вештина."
"Слушнав каков картинг возач беше Луис Хамилтон: тој секогаш се бореше жестоко, но правилно. Не го вклучувам Оскар во оваа иста категорија на возачи, затоа што е јасно дека сепак треба да сеуште да се докажува. Луис има повеќе од сто победи, а Оскар само што го започнува своето патување."
"Но, ако се сеќавате како се претстави во младинските категории, неговата статистика за инциденти е неверојатно ниска. Мислам дека во тие денови возачите со кои се натпреваруваше на патеката секогаш се однесуваа кон него со почит и тој сака да ја заслужи таа почит во Формула 1."
"Тој е решен да докаже се на патеката и тоа е она што го прави во последните пет години. Но, тој дебитираше во Формула 1 по пауза што траеше 15 месеци, што е долго време. За секој возач, многу е важно постојано да настапува и постојано да вежба."
"По таква пауза, минатата година тој се приклучи на Формула 1, а знаеме колку е голема разликата меѓу младинските категории и врвниот мотоспорт. Сепак, Оскар редовно докажува дека е подготвен да се бори со големи мајстори на занаетот и успева во таа борба."
ВЕБЕР: ПРЕТЕКНУВАЊЕТО НА ПЈАСТРИ БЕШЕ ВРВНО МАЈСТОРСТВО
9/08/2024 03:16:00 PM
0
Share to other apps