Лиам Лосон ќе се натпреварува во Формула 1 Шампионатот со бројот 30.
Откако беше избран да го замени Даниел Рикиардо во 2023 година поради повредата на Австралиецот, Лосон во болидот на АлфаТаури настапи со бројот 40 кој го доби од ФИА.
Сега со неговото враќање во Ф1 е како официјален возач на тим, па Австралиецот може сам да избере број под кој ќе се натпреварува во шампионатoт на врвниот мотоспорт.
На почетокот од неговата тркачка кариера, која како и кај секој од сегашните Ф1 возачи започнала со картинг трки, тој го користел бројот 18. Оваа бројка моментално ја има Ленс Строл.
Но, бројот 18 го користел неполна година, кога преминал на бројот 30. Во текот на првата година од картинг натпреварите го менува тимот, каде се запознава со личноста која е заслужна за неговиот напредок во неговата кариера. Како благодарност кон него го избира бројот 30 со кој тој настапувал на трките.
Овој број стана достапен од 2020 година, откако истече задолжителниот период на двогодишна забрана, откако Џолион Палмер се повлече од Ф1 шампионатот во 2017 година.
Лиам Лосон: "Ќе се тркам со бројот 30 бидејќи тоа е бројот со кој се тркам од моја осумгодишна возраст. Тоа всушност не беше првиот број со кој возев, тоа беше 18."
"Но, во мојата прва година од трките со картинг, се преселив во тим, и имаше еден човек кој се грижеше за мене, кој стана мој херој, мој идол, и тој возеше со број 30, па поради него го избрав бројот 30."
"Тој ме научи на сè за трките со картинг кога бев помлад и тогаш во основа го држев тој број се до денес. Кога му кажав дека го внесувам нашиот број во Формула 1, тој беше запрепастен и воодушевен."
Во болидот на РБ ќе настапи на шест трки во 2024 година, на кои ќе треба да ги импресионира "газдите" од Ред Бул за да го добие возачкото место и во следната 2025 сезона. Засега, Австралиецот нема обезбедено возачко место во кој било од тимовите.
ЛИАМ ЛОСОН ГО ИЗБРА БРОЈОТ 30
10/13/2024 09:55:00 PM
0
Share to other apps