По четиринеделна пауза, Формула 1 се враќа со Големата Награда на Соединетите Американски Држави, трка што инспирираше неколку тимови да ги променат своите вообичаени дресови и да дебитираат со специјално обојување.
Последниот тим е тој на Мекларен кој им се придружи на специјалните обојувања на Хас Ф1, кој ја слави домашната трка со нов дизајн, и тимот на Алпин, кој е инспириран од Индијана Џонс.
Во последните години, САД, без разлика дали трката се одржува во Мајами, Остин или Лас Вегас, станаа една од најповолните локации за воведување специјални обојувања на Ф1 болидите.
Посветеноста на Либерти Медиа на овој пазар, заедно со феноменот Нетфликс, создадоа огромна база на фанови во една од земјите во кои историски и беше најтешко да се пробие.
Болидот на Алпин ќе има посебен "дрес" Големата Награда на САД, инспириран од серијата филмови за Индијана Џонс.
Алпин веќе претстави смело обојување во Белгија, инспирирано од новата филмска креација на Марвел, Deadpool & Wolverine.
За Остин ќе го направат истото, но овој пат со Индијана Џонс и врз основа на новата видео игра за XBox и PlayStation 5, Индијана Џонс и Големиот Круг.
Обојувањето на A524 се одликува со портокалов дизајн на зајдисонце, кој е инспириран од логото на франшизата, како и детали од популарниот филмски серијал. Покрај тоа, возачите ќе носат и тематски тркачки комбинезони.
Тимот од Вокинг презентираше ново обојување во соработка со еден од неговите главни спонзори: Гугл Хром.
Нешто слично имаа за Големата Награда на Британија во 2023 година. Во викендот што следува, сребрената боја ја заменува црната од вообичаените бои на MCL38.
Со новото обојување следуваат и нови тркачки комбинезони, кои Оскар Пјастри и Ландо Норис ќе ги носат за време на тркачкиот викенд во Остин.
И болидот на Хас ќе има специјално обојување за Големата Награда на Соединетите Држави, славејќи ја втората од трите домашни трки во текот на оваа 2024 Ф1 сезона.
Вообичаената црна, црвена и бела шема на бои ќе биде дополнета со сини нијанси и карактеристики како што се бели и црни ѕвезди.
Првата домашна трка на Хас во 2024 година се одржа во Мајами во мај, а нивната трета ќе следи во Лас Вегас во ноември.
Меѓутоа, Хас не само што направи промена во обојувањето на болидите на Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен, туку носи и низа надградби кои имаат за цел да биде победен тимот на РБ за шестото место во поредокот на конструктори.
Да не го заборавиме и тимот на Вилијамс, кој ќе има измени само во изгледот на задното крило, дизајниран од нивните фанови.
МАНИЈА ПО НОВИ ДРЕСОВИ ЗА ОСТИН
10/16/2024 11:07:00 AM
0
Share to other apps