Денес се одржа состанок на Светскиот совет на ФИА, на кој беа одобрени измените на прописите на бројни шампионати што се одржуваат под покровителство на федерацијата, вклучително и Формула 1.
Формула 1 од 2025 година ќе го укине правилото според кое се доделуваше дополнителен бод на возачот кој го има најбрзиот круг на трката, но само доколку тој има топ 10 пласман.
Ова правило првпат беше воведено во 2019 година, но по последната трка во Сингапур, кога Даниел Рикиардо, кој возеше надвор од топ 10 пласманот, го забележа најбрзиот круг на нови гуми, ФИА реши да го избрише.
Друга важна промена во регулативата се однесува на тоа колку пати по сезона Ф1 тимовите ќе мора да им дадат шанса за настап на јуниорските возачи. До оваа сезона се налагаше настап на една тренинг сесија, но од следната година за настап на младите возачи треба да се обезбедат две тренинг сесии.
На состанокот на Светскиот совет беа претставени значајни измени на прописите за 2026 година.
Овие измени вклучуваат реорганизација на начинот на кој се презентираат прописите, кои сега ќе бидат поделени на тематски делови за јасност и доследност. Преминот кон новата структура ќе биде завршен во следните неколку месеци.
Техничките прописи за 2026 година (Дел Ц), првично одобрени во јуни 2024 година, претрпуваат значителни прилагодувања во делот за аеродинамика на болидите, како резултат на блиската соработка помеѓу ФИА, ФОМ и Формула 1 тимовите. Промените ќе им овозможат на болидите да бидат поефикасни додека ги одржуваат перформансите потребни за тесна и возбудлива трка на патеката.
Направени се значајни промени во Спортските регулативи (Дел Б) за да се поедностави и модернизира нивната структура. Вклучува мерки за регулирање на ефикасноста на погонските единици и активната аеродинамика, кои ќе вклучуваат режим на брзина на права линија (со намален отпор) и режим на свиоци (со поголема потисна сила).
Дополнително, ќе се одржат три предсезонски тест сесии од по три дена, пред почетокот на 2026 сезоната.
Во однос на финансиските регулативи (Дел Г), тие се донекаде поедноставени за подобро да се разберат кои трошоци се вклучени во буџетските ограничувања и да се зајакнат мерките на располагање на ФИА за следење на усогласеноста со финансиските регулативи. Ограничениот буџет ќе остане на сегашните нивоа прилагодени на инфлацијата.
ФИА во наредните месеци ќе ги презентира најавените измени до Светскиот совет на одобрување, со што ќе се заврши формирањето на прописите за 2026 година.
Следниот состанок на Светскиот совет е закажан за 11 декември како дел од Генералното собрание на ФИА.
СЕ УКИНУВА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ БОД ЗА НАЈБРЗИОТ КРУГ НА ТРКАТА
10/17/2024 11:25:00 PM
0
Share to other apps