Оскар Пјастри го предводеше 1-2 пласманот на Мекларен на саботната тренинг сесија во Мексико, со Ландо Норис втор и Карлос Саинц Јр. трет.
Тимот од Вокинг реши да покаже и докаже дека го имаат најбрзиот болид и влегуваат во квалификациите како јасни фаворити за пласман на првиот стартен ред.
Саботниот тренинг беше најдобрата можност за возачите да соберат податоци и да добијат добра идеја за поставувањето на болидот за остатокот од викендот.
Вчерашниот ден беше многу безначаен, тренинг 1 со неколку дебитанти и црвени знамиња, и тренинг 2 посветен речиси целосно за тестирање на 2025 Пирели пневматиците.
Третата тренинг сесија започна со доста валкана патека, а најбрзите пет тима започнаа со црвените гуми од почеток, а другите пет тоа го направија со жолти.
Двата црвени болиди беа најбрзи со првиот сет на црвени гуми, а имавме прилично тивка прва половина од сесијата, со само еден инцидент. Лиам Лосон премногу возеше над рабниците во стадион делот на патеката и на крајот се изврте во нејзиниот најбавен дел, предизвикувајќи двојни жолти знамиња кое уништи некои брзи кругови.
Како и обично во оваа сесија, најдобрите времиња требаше да дојдат со вториот сет на црвени гуми.
Пјастри во првиот обид го подобри најбрзото време на Саинц Јр. за речиси девет десетинки. Австралиецот привремено го предводеше 1-2 пласманот на Мекларен со време од 1:16.492, а неговиот тимски колега беше во иста десетинка со него.
На Ферарите им требаше малку повеќе време за да излезат на црвените гуми за својот втор обид, но ниту еден од нивните возачи не можеше да ги победи времињата на Мекларен. Мерцедес АМГ и Ред Бул резервирани или пак толку им се можностите.
Пјастри остана напред со Норис втор, а Саинц Јр. беше трет, со Чарлс Леклер шести по круг кој беше далеку од идеален. Помеѓу двата возачи на Ферари беа двајца шампиони, т.е. Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.
Возачот на Ред Бул беше четири десетинки зад Пјастри, а возачот на Мерцедес АМГ пет, дури и беше изненаден кога ја виде разликата, при тоа изјавувајќи дека имал добар круг.
Џорџ Расел заврши поназад, иако во неговиот случај неговиот круг имаше повеќе грешки од неговиот тимски колега.
Во последните обиди на црвените гуми имаше доста прекинати кругови, во случајот со двајцата возачи на Хас, кои погрешија и Серџо Перез, кој излета пред домашната публика во стадион делот од патеката.
Тимот на РБ ја предводеше среднината на табелата со седмото место за Јуки Цунода, дури и пред Расел, и десетото за Лиам Лосон. Меѓу нив се пласираа Џорџ Расел и Кевин Магнусен.
Квалификаците за Големата Награда на Мексико Сити се закажани за 23:00 часот по Македонско врме. Директен пренос на вообичаениот канал, како и стримовите од Скај Ф1.
МЕКЛАРЕН СЕ НАЛУТИ, УБЕДЛИВО НАЈБРЗИ НА САБОТНИОТ ТРЕНИНГ
10/26/2024 06:59:00 PM
0
Share to other apps