Карлос Саинц Јр. беше недостижен на квалификациите за Големата Награда на Мексико Сити.
Не само што ја забележа неговата шеста Пол позиција во Формула 1, туку беше побрз огромни две десетинки од Макс Ферстапен и три од Ландо Норис и Чарлс Леклер, кој погреши при својот последен брз круг.
Шпанецот имаше непобедлива изведба и извозе два спектакуларни круга. Карлос Саинц Јр. можеше да ја има Пол позицијата со кој било од неговите два брзи круга во Q3.
Друштво на првиот стартен ред ќе му прави Макс Ферстапен, кој беше подобар од својот ривал за шампионската титула, Ландо Норис, кој со Чарлс Леклер ќе стартува од вториот ред.
Возачите на Мерцедес АМГ го обезбедија третиот ред, во квалификации во кои двајца возачи од врвни тимови отпаднаа во Q1: Оскар Пјастри и Серџо Перез.
Без сомнение, ова не беа квалификации од соништата за Чеко на домашен терен, но и Оскар беше непостојан и многу далеку од својот тимски колега.
По три многу различни тренинг сесии, со вклучен тест за Пирели, следуваа квалификациите за Големата Награда на Мексико Сити, кои се одвиваа на сув асфалт и температура од 44 степени.
Задолжен за отворање на акцијата беше Валтери Ботас, кој го имаше првото забележано време, кое не требаше долго време да биде подобрено.
Карлос Саинц Јр., со жолти гуми, го забележа првото конкурентно време од 1:17.444. Ландо Норис, исто така со жолти гуми, беше подобар за две десетинки.
Макс Ферстапен се појави набргу потоа на црвени гуми и беше првиот возач под 1:17. Серџо Перез до тој момент не можеше да забележи време под 1:18.530.
Еволуцијата на патеката беше голема.
Пјер Гасли се пресели на второто место на неколку минути преостанати од Q1, а тоа предизвика речиси сите да излезат на најмеката смеша. Ландо Норис беше најбрз, а по него беа Карлос Саинц Јр., Макс Ферстапен и Чарлс Леклер.
Следуваа две големи изненадувања: Оскар Пјастри и Серџо Перез не можеа да ја поминат првата сесија! На Чеко толку му беа можностите, Пјастри не можеше да комплетира круг без грешки. Покрај нив квалификациите завршија и за Франко Колапинто, Естебан Окон и Џоу Гуанју.
По чудната прва сесија, особено поради елиминациите на Пјастри и Перез, започна Q2 сесијата со "гумиран" асфалт и температура од 42 степени.
Немаше голема брзање на почетокот на овој сегмен. Прв излезе Алекс Албон, за потоа за излезат и најдобрите возачи.
Макс Ферстапен го забележа својот прв круг со време од 1:16.629 и го победи Карлос Саинц Јр. за речиси четири десетинки. Чарлс Леклер беше на една секунда заостанување и несигурност во прекумерното кратење на свиоците.
Кога Ландо Норис излезе на патеката, се се смени. Британецот ги обои сите сектори во виолетова боја и со време од 1:16.301 се пласираше на првото место. Имаше уште време за подобрување.
На Ландо Норис не му требаше, но Макс Ферстапен излезе повторно на патеката и дојде на две десетинки од него и една илјадитинка пред Карлос Саинц Јр..
Повеќе возачи го имаа својот последен брз круг, кога Јуки Цунода излета во 12-от свиок и предизвика развејување на црвените знамиња, што значеше предвремено крај на сесијата.
Елиминирани беа Јуки Цунода, Лиам Лосон, Фернандо Алонсо, Ленс Строл и Валтери Ботас.
Гледавме интересни квалификации, а за крај остана Q3 сегментот каде се одредува редоследот на најбрзите 10 возачи.
Сесијата започна со пет минути задоцнување поради инцидентот на Јуки Цунода, кој лесно можеше да оствари топ 5 пласман во Q2.
Речиси сите возачи брзо излегоа од своите гаражи, а црвените гуми беа во главна улога.
Во првиот обид, Карлос Саинц Јр. постави импресивно време од 1:16.055 и го победи Чарлс Леклер за три десетинки. Возачите на Мерцедес АМГ беа трети и четврти, а кругот на Ландо Норис беше слаб, со осум десетинки заостанување.
Макс Ферстапен беше пред Леклер, но неговиот круг беше избришан поради надминување на границите на патеката.
Зад Ландо Норис, Пјер Гасли беше најдобар од останатите, пред Алекс Албон, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.
Остануваше втората серија на брзи кругови, која иако на Карлос Саинц Јр. не му беше потребна да ја задржи Пол позицијата, тој беше уште подобар и единствениот возач под 1:16.
Шпанецот, кој ги брои последните денови во Ферари, беше две десетинки побрз од Ферстапен и три од Норис и Леклер.
Малку поназад, возачите на Мерцедес АМГ го имаа третиот ред, Луис Хамилтон пред Џорџ Расел.
Кевин Магнусен беше најдобар од останатите, пред Пјер Гасли, Алекс Албон и Нико Хулкенберг.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. ГИ МАТИРАШЕ КОНКУРЕНТИТЕ ЗА ТИТУЛАТА
10/26/2024 10:21:00 PM
0
Share to other apps