Следува втората од американската серија од три трки по ред. Од Остин, тимовите се преселија во главниот град на Мексико, на патеката Браќа Родригез, каде градските власти се спонзори па затоа настанот го носи името Голема Награда на Мексико Сити.
Важна карактеристика на патеката Браќа Родригез е нејзината голема надморска височина. И ако надморска височина од 2285 метри нема речиси никакво влијание врз ефикасноста на хибридните централи, тоа ќе има многу радикален ефект врз аеродинамиката.
Тимовите ги подесуваат своите болиди за максимално ниво на потисна сила, но поради реткиот воздух вистинската сила на потиснување ќе биде помала отколку во Монца.
Тешко е да се претекнува на патеката во Мексико, па добриот настап многу зависи од стартната позиција, добриот старт и оптималната стратегија.
Патеката Браќа Родригез, со должина од 4.304 км. е втората најкратка во Ф1 календарот по Монте Карло. Растојанието од 811 метри од Пол позицијата до првиот свиок е најдолг во Ф1 календарот и 9.6 секунди од него се поминуваат со полн гас.
Пред враќањето на ГН на Мексико, патека со најголема надморска височина беше Интерлагос во Бразил, со 800 метри. Но, и покрај големата надморска височина, патеката е една од најрамните, со промена на елевацијата од само 2.8 метри во текот на целата нејзина должина. Само Мелбурн има помала промена во елевацијата.
Реткиот воздух исто така значи дека ладењето на болидот е помалку ефикасно, така што ПЕ и сопирачките работат на поголеми температури. Последиците се помала потисна сила и помал отпор на воздухот.
Болидите користат задни крила подесени еквивалентно на Монако, но и покрај тоа, вистинската потисна сила на болидите е поблизу до нивоата што се забележуваат во Монца. Поради овие фактори, во Мексико се бележат едни од најголемите брзини на Ф1 болидите, кои достигнуваат над 350 км/ч.
Минатата година Макс Ферстапен победи на 19 трки во текот на сезоната, поставувајќи нов апсолутен рекорд, но сега ситуацијата е сосема поинаква.
Холанѓанецот досега има само седум победи, од кои последната беше на крајот на јуни во Шпанија, а вкупно овогодинешните трки имаат седум различни победници од четирите најсилни тимови.
Осмиот возач, Серџо Перез од Ред Бул, има неуспешна сезона и може предвреме да ја заврши кариерата, што многу зависи од последните трки за оваа сезона.
Билетите за оваа трка се распродадоа за само неколку часа, иако домашниот миленик не е во форма. Патеката Браќа Родригез е "патека со еден возач", како Зандворт или Силверстоун, луѓето сепак ќе навиваат за Перез, што само ќе додаде дополнителен притисок.
Најбрзата стратегија со која може да се пријде на Големата Награда на Мексико Сити, која се состои од 71 круг, е таа со едно застанување за промена на гумите. Гранулацијата на гумите е значително помала од минатата година, што ја прави оваа стратегија уште попогодна.
Првата опција на оваа стратегија е со почетен стинт на жолтите, 1/3 од трката и завршница на белите гуми или обратно почетен стинт на белите, 2/3 од трката и завршница на жолтите гуми.
Црвените гуми не можат да се исклучат целосно и може да бидат употребени од возачите на почетокот или крајот од трката, доколку тимовите кои имаат на располагање два сета на жолтите гуми би сакале да се испробаат со стратегија од две застанувања во бокс. Жолтите гуми се најдобри по своите перфоманси на оваа патека.
Според временската прогноза, воздухот до почетокот на трката ќе се загрее до 20 степени, со минимална облачност и ветер од северен правец. Не се очекуваат врнежи.
Тимот на Алпин реши да ги промени акумулаторот и контрлоната електроника на болидот од Естебан Окон.
За нивната замена, тимските механичари мораа да го прекршат режимот на затворен паркинг, па како казна Окон ќе стартува од пит-линијата.
Во квалификациите, Естебан се пласираше на П19, па казната практично нема да има поголем ефект.
Во саботата, на болидот на Макс Ферстапен му беше заменета погонската единица откако тој постојано се жалеше на чудна работа на моторот на петочните тренинг сесии.
Тимот реши да користи делови од претходно користени Хонда ПЕ за да избегне казна. Но, во еден момент може да дојде до промена на моторот и Макс изјави дека е подготвен за тоа. Ова се очекува да се случи следната недела во Сао Пауло.
"Да, подготвен сум да добијам уште една грид казна пред крајот на сезоната, но се уште не сме решиле каде точно ќе одлучиме да ја одлежиме. Се зависи од околностите. Ајде да видиме колку долго ќе издржиме со денешниот мотор."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МЕКСИКО СИТИ ГРАН ПРИ
10/27/2024 12:48:00 PM
0
Share to other apps