Карлос Саинц Јр. немаше ривал на патеката Браќа Родригез, беше на ниво на својата задача и прилично лесно стигна до победата на Големата Награда на Мексико.
Најдобрата вест за Ферари е што денеска го имаа расположениот Шпанец на своја страна, бидејќи Ландо Норис успеа да го победи Чарлс Леклер и да им ја одземе двојната победа на италијанците.
Двојниот подиум ја одржува жива надежта за освојување на шампионската титула кај конструктори, но ќе биде тешко, екстремно тешко, против врвниот болид на Мекларен.
Карлос Саинц Јр. во неколку наврати изјави дека би сакал да се збогува со Ферари со барем уште една победа и тоа го исполни веќе на првата трка. Остануваат уште четири до крајот и можеби ќе има повеќе можности.
Во петокот, Мекларен изгледаше дека нема да има конкуренција на Браќа Родригез, но Карлос Саинц Јр. со магични кругови во Q3 сегментот од квалификациите стигна до Пол позицијата за денешната трка.
Денес, стартот на трката беше комплициран. Макс Ферстапен имаше брза реакција и лесно го презеде водството во првиот свиок.
Трката беше брзо прекината по контактот на Јуки Цунода и Алекс Албон, по кој и за двајцата беше крај на нивниот настап.
По рестартот на трката, Карлос Саинц Јр. се залепи зад болидот на Макс Ферстапен, и веќе во деветтиот круг прелета покрај немоќниот болид на Ред Бул.
Шпанецот се врати на првото место, а Макс веднаш се најде по притисок и на Мекларено на Ландо Норис. Следуваше слична ситуација како и во САД, двајцата имаа два дуели со напуштање на границите на патеката.
Чарлс Леклер ја искористи "лудата" битка помеѓу Макс Ферстапен и Ландо Норис и во 11-от круг се искачи на второто место. Двата болиди на Ферари започнаа постепено да се оддалечуваат, а ситуацијата драстично се промени.
Карлос имаше подобро темпо и ја зголемуваше разликата во однос на својот тимски колега и кога Ландо Норис имаше слободна патека поради влегувањето на Макс Ферстапен во бокс, Леклер мораше да почне да обрнува повеќе внимание на ретровизорите отколку на болидот пред себе.
На крај, Чарлс ја загуби битката со Ландо Норис. Во многу емотивен крај на трката, Моначанецот не се снајде со претекнување на заостанатите болиди пред себе, кога во неколку кругови загуби многу време, а потоа направи грешка која за малку ќе го чинеше скапо.
За среќа, не ги погоди бариерите, но Ландо имаше чиста патека пред себе да се искачи на второто место. Темпото на Ландо Норис во последните кругови беше неверојатно и тој заврши на помалку од пет секунди зад Карлос Саинц Јр., кој по првиот стинт имаше 15 секунди предност.
Мекларен очекувано беше многу брз, но Карлос Саинц Јр. ја имаше потребната смиреност и со мудро возење го зачува првото место, а во еден момент и ги советуваше своите во тимот.
Практично совршена трка, претекнување на Макс Ферстапен, недостижно темпо на почетокот, фантастична свесност за текот на трката. Заслужено беше изгласан за возач на денот во Мексико Сити.
Победата му помогна на Ферари да го престигне Ред Бул во шампионатот за конструктори и да се доближи на само 29 поени од Мекларен. Дали има надеж за Ферари или следуваат трки кои повеќе одговараат на тимот од Вокинг.
Некој од Ф1 аналитичарите рече дека останува уште Лас Вегас како патека која ќе одговара на Ферари. Дали во битката може да се вмешаат Ред Бул и Мерцедес АМГ како одлучувачки фактори за шампионските титули.
Макс Ферстапен заработи двојна казна во Мексико Сити, двапати по десет секунди. Се чини дека притисокот од Мекларен по трката во САД се исплатеше, но не е така.
Макс Ферстапен се бранеше од нападите на Ландо Норис со агресивноста што го карактеризира.
Првиот инцидент се случи во 4-от свиок, во 11-от круг.
Возачот на Мекларен се обиде да го претекне однадвор и КЛУЧНА разлика од минатата трка, е тоа што тој беше ПОНАПРЕД од Макс на врвот од свиокот, но Холанѓанецот ја затвори патеката и Ландо немаше каде него да заврши надвор од патеката. (Казна за исфрлање на противникот надвор од патеката, најчесто се 10 секунди. Правилно доделена казна.)
Она што никој не го очекуваше е вториот дуел на двајцата, неколку свиоци подоцна. Ландо беше напред на влез во седмиот свиок, но Макс нападна со доцно сопирање, и двајцата повторно излетаа од патеката. Овде му го поклонија второто место на Чарлс Леклер.
Стјуардите одлучија дека Холанѓанецот е виновен и за вториот маневар и му доделија нова казна од десет секунди.
Стјуардите според тековните правила како клучна референца го земаат врвот на свиокот. Јасно е дека прописите се нејасни и ги има премногу, и пред се не го фаворизираат спектаклот на патеката.
Се зборува за нова ревизија на правилата на претекнување, но се надеваме дека ќе се дозволи агресивноста на стилот на Макс Ферстапен, затоа што тоа допринесува за спетакл на патеката.
Се се сведува на премногу правила, ама премногу, како во однос на дизајнот на болидите, така и во деталното канализирање на претекнувањата. Ќе видиме што ќе донесе иднината.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. НА НИВО НА ЗАДАЧАТА, ЛЕКЛЕР ЈА ИЗГУБИ 1-2 ПОБЕДАТА НА ФЕРАРИ
10/27/2024 08:01:00 PM
0
Share to other apps