Дождот изгледа особено поврзан со програмата за развојни тестови на Пирели во овој последен квартал од 2024 година.
Минатата недела, двата дена поминати на патеката Magny-Cours беа, во најмала рака, комплицирани поради временските услови, а таков беше и почетокот на тест сесијата на патеката Муџело.
Слабата видливост на патеката во Тоскана значеше дека медицинскиот хеликоптер не може да лета, па во текот на вчерашниот ден речиси и да немаше акција на патеката.
Лиам Лосон, како резервен возач на Ред Бул, пред да се пресели како прв возач во тимот на РБ (Торо Росо) од следната трка во Остин, требаше да работи на финализирање на смешите за следната сезона.
Ландо Норис во модифицираниот болид на Мекларен требаше за првпат да ги проба прототиповите на пневматиците кои ќе се користат од 2026 година. Тие имаат ист дијаметар од 18 инчи како сегашните, но ширината и надворешниот дијаметар се малку помали.
Истите два тима и возачи беа планирани за денес, а нив требаше да им се придружат возачите на Ферари, со тест програма на гумите за следната година.
Дождот го намали интензитет во Муџело и вториот ден од овој тест можеше да тече според планот.
Четворицата возачи беа во акција на патеката, но со три болиди. Карлос Саинц Јр. го возеше SF-24 утринава, пред да му го предаде на Чарлс Леклер за попладневниот дел од сесијата.
Инженерите на Пирели работеа на две паралелни програми.
Ред Бул и Ферари се фокусираа на развој на смешите за 2025 година, особено на најтврдите во планираниот опсег за следната сезона.
Мекларен со модифицираниот болид продолжи да ги тестира прототип гумите за 2026 сезоната.
Во првиот час наутро, патеката беше сè уште влажна, до тој степен што сите три болиди работеа со интермедиа гуми, што всушност даваше корисни информации, особено затоа што Муџело е толку барана патека.
По 11 часот можеше да се премине на гумите за сува патека. Во текот на денот беа комплетирани вкупно 390 кругови.
Најмногу кругови извозе Ландо Норис, 118, со најдобро време од 1:21.302. Лиам Лосон зад неговото име забележа 116 круга со најбрзо време 1:23.219.
Чарлс Леклер комплетираше 79 круга со најбрзо време на денот од 1:21.053, додека Карлос Саинц Јр. го заврши денот со 77 круга и време од 1:21.890.
Следната фаза од развојната програма на Пирели насочена кон пневматиците за 2025 година ќе се одржи на 25 Октомври за време на втората тренинг сесија за Големата Награда на Мексико Сити, додека работата на прототипите за 2026 година продолжува на 13 и 14 ноември на патеката Magny-Cours со модифициран болид на Алпин тимот.
ПОВРЗАНА СТАТИЈА:
ЛИНК - ПИРЕЛИ ЌЕ ВОВЕДЕ НОВ СУПЕРМЕК ПНЕВМАТИК ЗА ГРАДСКИТЕ ТРКИ
ПАТЕКАТА МУЏЕЛО БЕШЕ ДОМАЌИН НА ТЕСТ СЕСИЈА НА ПИРЕЛИ
10/09/2024 09:27:00 PM
0
Share to other apps