Габриел Бортолето ќе дебитира во Формула 1 во 2025 година со Заубер и ќе биде возач на идниот проект на Ауди.
Бразилецот станува првиот претставник на својата земја во големиот циркус откако Фелипе Маса се пензионираше по 2017 година. Бортолето доаѓа во Формула 1 откако беше една од сензациите во пониските Ф категории во последните две години.
Во 2023 година, Габриел ја освои титулата во Формула 3, во својата дебитантска година и со очигледна супериорност над сите негови ривали, со оглед на тоа што ја освои круната со две трки преостанати во Шампионатот кој има репутација дека секогаш има многу блиска борба.
Бортолето моментално е лидер во Формула 2 шампионатот, повторно во негова прва сезона во оваа категорија. Тоа ќе биде прва и единствена, бидејќи во 2025 година се подготвува да направи скок во Формула 1 со Заубер, што ќе го доведе да биде возач на Ауди Ф1 тимот.
По неколку месеци шпекулации, Нико Хулкенберг сега знае кој ќе му биде тимски колега во идниот проект на Ауди. Тимот се обложува на младоста и потпишува со еден од големите таленти на мотоспортот, кој со своите 20 години го воодушеви целиот падок со своите настапи и успеси во пониските категории.
По седум години без официјален возач, Бортолето ќе биде првиот бразилец со полно работно време во Формула 1 во земјата со еден од најважните пазари за врвниот шампионат.
Со оваа објава, Заубер се откажува од услугите на Валтери Ботас и Џоу Гуанју. Финецот и Кинезот ја делат нивната гаража од 2022 година, но нивните перформанси се во опаѓање, па во Хинвил претпочитаат да се направи радикалната промена во возачката постава по 2024 година.
Идниот Ауди Ф1 тим не ја криеше желбата да потпише со Карлос Саинц Јр. и го чекаше додека тој не донесе одлука, а тоа беше да потпише со Вилијамс за 2025 година и да ја отфрли понудата од германската фирма.
После тоа, во Заубер имаа прилично обемна листа на кандидати, со имиња како Ботас, Мик Шумахер, Франко Колапинто и самиот Бортолето, кој конечно беше избран да биде тимски колега со Хулкенберг во наредните години.
Матија Биното: "Габриел веќе покажа во младинските категории дека го има она што е потребно за да биде победнички возач. Многу сме среќни што ќе стане член на Заубер и Ауди. Заедно со Габриел сме на пат кон успехот и ќе обликуваме нова ера за Ауди во мотоспортот. Нико и Габриел претставуваат идеална комбинација на искуство и младост, што нè позиционира силно за иднината."
Џоу Гуанју веќе знае дека следната година нема да биде стартер во Заубер. По особено тешката година за Заубер, кинезот ќе си замине од своето возачко место, но не исклучува да продолжи во Формула 1 падокот и следната сезона.
Се подразбира дека тој се обидува да најде позиција како резервен возач, пред следната сезона. Сепак, се чини дека би можел да има иднина и во Формула Е.
Финецот, од своја страна, изгледа не е подготвен да ја напушти Формула 1 туку така. Ботас беше фаворит на обложувалниците да продолжи барем уште една година во Заубер, но и тие не се секогаш во право.
Со затворањето на таа врата, сега се чини дека на повидок е можно враќање во Мерцедес АМГ. Според информациите на Моторспорт, возачот и тимот веќе неколку недели се во преговори за резервен возач во тимот што беше негов дом поеќе сезони и во кој забележа 10 Ф1 Победи.
Габриел Бартолето: "Не ја започнав најдобро сезоната во Формула 2, така што на самиот почеток немавме никакви преговори за 2025 година. Моите менаџери и јас дури размислувавме да поминеме уште една година во Формула 2."
"Но, во одреден момент мојата сезона направи пресврт и почнав да победувам на трки и да се качувам на подиумот на секој настан. Во исто време, започнаа првите контакти со Ауди, иако не се сеќавам во кој точно момент се случи ова."
"Матија Биното почна да покажува сериозен интерес за мене. Проектот изгледаше интересен, па решивме да ја прифатиме поканата. Во тој момент, Матија не беше сигурен каков возач му треба за следната сезона, искусен или млад. Но, првично планиравме соработка, aко не во 2025 година, тогаш во 2026 година. На крајот, Матија одлучи да започнеме во 2025 година."
"Секако, како млад возач сакав да влезам во Формула 1 што е можно побрзо, но имав целосна доверба во менаџерите и добивме добра можност. Кога започнаа преговорите со Матија, ги сфатив прилично лесно и не бев особено загрижен."
"По објавувањето на договорот, мојот живот нема многу да се промени, бидејќи веќе знаев што ме чека во иднина. Сега можам да се концентрирам на работа во Формула 2 и да се обидам да ја освојам титулата, бидејќи сега сум водечки во конкуренција на возачи."
"Но, добро е што е се објавено, со што ќе се прекинат сите шпекулации и ќе се фокусирам само на Формула 2."
По потврдувањето на потписот на Габриел Бортолето, во моментов има само едно слободно место за 2025 сезоната во Формула 1. Јуки Цунода се уште не знае кој ќе му биде тимски колега во следната година, а причината е што останува да видиме што ќе се случи со Серџо Перез.
Мексиканецот, официјално, би требало да вози за Ред Бул во 2025 година, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од 2026 година. Факт е дека Чеко во последно време остави многу простор за шпекулации, а на Ред Бул ќе му биде потребна силна возачка постава со која ќе се бори за титулата во шампионатот на конструктори.
На хартија, РБ е единствениот тим што останува да ја потврди својата постава за 2025 година, но токму поради оваа причина прво мора да почекаме да видиме што конечно ќе се случи со Серџо Перез и второто место во Ред Бул.
Доколку актуелните шампиони решат да останат без Чеко, ќе се отвори можност за некои возачи да се квалификуваат за тоа место.
Се чини дека Јуки Цунода не е еден од нив, бидејќи иако Јапонецот ќе го тестира RB20 на тестовите во Абу Даби, најверојатно ќе повтори уште една година во РБ за да го исполни својот договор до заминувањето на Хонда.
Оној кој би можел да биде на пол позиција за тимски колега на Макс Ферстапен е Лиам Лосон. Неговиот став на последните трки е малку контроверзен, особено во однесувањето кон Серџо Перез.
Сепак, Ред Бул продолжува да има интерес за него и засега е еден од фаворитите да го замени Мексиканецот во првиот тим.
Надвор од тимот, името на Франко Колапинто се најде во последните гласини како опција.
За време на последната трка во Бразил, Кристијан Хорнер беше виден како го посетува мотодомот на тимот на Вилијамс, веројатно во потрага по разговор со Џејмс Воулс за младиот Аргентинец.
Има и такви кои веруваат во можноста дека интересот на Кристијан Хорнер е за Карлос Саинц Јр., а не за Франко Колапинто. Шпанецот ќе вози за тимот од Гроув во 2025 година, но јасно е дека, доколку се уште беше без тим, тој би бил најдобрата опција што би ја имал Ред Бул меѓу своите опции.
Како и да е, сите овие гласини, не се ништо повеќе од само гласини и мислења кои произлегуваат како резултат на што би било, ако би било, т.е. ако Ред Бул го прекине договорот на Серџо Перез.
Официјално, единственото слободно место е во РБ. Нормално би било да се види Лиам Лосон во него, освен ако Чеко добие отказ од Ред Бул. Ако не, Новозеланѓанецот веројатно ќе биде промовиран во првиот тим, а борбата за второто возачко место во РБ ќе биде помеѓу Исак Хаџар , кандидат за титулата во Ф2, и Франко Колапинто.
Не знаеме што ќе се случи, но 2025 година може да биде година со најмногу дебитанти во Формула 1!
СИТЕ ДЕТАЛИ: ПРВИОТ БРАЗИЛЕЦ ВО Ф1 ПО ФЕЛИПЕ МАСА
11/06/2024 09:00:00 PM
0
Share to other apps