Од овој ноември, Дан Фалоус ја напушта својата позиција како технички директор во Астон Мартин. Ова не е заминување од Групацијата, туку тој ќе продолжи да биде вклучен, иако засега не се знае која ќе биде неговата нова улога.
Тимот од Силверстоун е во процес на реструктуирање. Со промената на Ф1 регулативата во 2026 година и напорите на Лоренс Строл да го однесе тимот до врвот, се очекуваа многу промени во рамките на внатрешната организациска шема.
Со оглед на доаѓањето на големи имиња, како што се Енрико Кардиле и, пред сè, Адријан Њуи, чие инкорпорирање се очекува во март 2025 година, денес, вторник, 12 ноември, пукна првата "бомба": Дан Фалоус престанува да биде технички директор со моментален ефект.
Реномираниот инженер дојде во Астон Мартин како голема аквизиција од Ред Бул и како дел од амбициозниот план на Лоренс Строл. По повеќе од 15 години поминати во тимот од Милтон Кејнс, пред неколку години, тој стана технички директор на тимот од Силверстоун.
Тоа беше голем успех во тоа време, и претставуваше револуција во Астон Мартин, нешто што придонесе за добрите резултати на AMR23 во првиот дел од минатата сезона, со осум пласмани на победничкиот подиум за Фернандо Алонсо. Сепак, наместо уште поголем напредок, перформансите почнаа да опаѓаат.
Оваа 2024 година беше многу комплицирана за тимот. Помина повеќе од една година напредок, и се чини дека првата "жртва" е Дан Фалоус.
Неговата смена од функцијата технички директор доаѓа во време на други важни промени што ги претрпува техничкиот оддел.
Во октомври, Енди Кауел, поранешен главен инженер на Мерцедес АМГ со одлична репутација, ја презеде функцијата извршен директор и ќе работи со Адријан Њуи за да го реформира инженерскиот корпус на тимот, а не е јасно каква улога би можел да има Фалоус во новата структура.
Тонот на денешното соопштение за печатот на Астон Мартин не може да се нарече особено топол, иако на Фалоус официјално му се заблагодариja за неговиот придонес во развојот на тимот.
Ова е само првиот чекор за Кауел, кој на свој начин ќе воведе ред во редовите на техничкиот оддел. Кои ќе бидат следните чекори ќе покаже иднината.
Енди Кауел беше задолжен да каже неколку проштални зборови во врска со ситуацијата, не знаејќи што ќе се случи и каква улога ќе има во блиска иднина.
"Би сакал да му се заблагодарам на Дан за неговиот придонес во тимот во последните две години. Тој му помогна на Астон Мартин да постигне успех со AMR23, кој минатата сезона забележа осум Топ 3 пласмани."
Дан Фалоус: "За време на мојот претстој во Астон Мартин Ф1, ја имав привилегијата да водам технички оддел кој се стреми кон победи на трки и шампионати. Време е да ја префрлам палката, но со нетрпение ги очекувам идните успеси на тимот и не се сомневам дека тие ќе бидат остварени наскоро."
ПОВРЗАНИ СТАТИИ:
- АСТОН МАРТИН И НАЈНОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА
- АСТОН МАРТИН ГО ДОБИ ПОСАКУВАНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ
По објавата на казната за Дан Фалоус, тимот на Астон Мартин излезе со ново соопштение за медиумите во кое објави долгорочно партнерство со глобалниот бренд за спортска облека - ПУМА.
Новиот спонзор ќе му се придружи на тимот со почетокот на 2025 Ф1 сезоната како Официјален партнер за спортска облека и технички реквизити.
Официјалниот слоган по кој ќе биде препознатлива оваа соработка е: "the heat to the street". Брендирањето со логото на PUMA ќе дебитира на AMR25 на заедничката презентација на тимовите, која ќе се одржи на 18 февруари во Лондон во познатиот забавен комплекс O2 Арената, едно од најдобрите концертни места во Велика Британија.
ДАН ФАЛОУС НЕ Е ПОВЕЌЕ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР НА АСТОН МАРТИН
11/13/2024 12:02:00 AM
0
Share to other apps