Тимот на Алпин стави крај на гласините со официјалната потврда дека ќе користат погонски единици и менувач на Мерцедес-Бенц од 2026 година и најмалку до 2030 година.
На овој начин тимот преминува од фабрички тим на Рено во клиентски тим на германскиот производител.
Вработените во Viry-Châtillon, се бореа да го одржат проектот Формула 1, но и покрај многубројните протести и повици до раководството на групацијата, не успеаја да го предомислат Лука де Мео, кој донесе конечна одлука да се затвори одделот, кој ќе функционира до крајот на 2025 година само како одржување на тековната погонска единица.
Претходно беше официјализирана "капитулацијата" на Рено и покрај фактот што нивната 2026 Погонска Единица беше во напредна фаза на развој.
Повеќегодишниот договор ќе му овозможи на Мерцедес-Бенц да испорачува погонски единици за тимот на Алпин во текот на новата регулациона ера, од 2026 до најмалку 2030 година. Покрај погонската единица, тимот на Алпин ќе ги добие и менувачите на Мерцедес-Бенц.
Што се однесува до менувачите, официјалната веб-страница на шампионатот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека Алпин има намера да започне со производство на сопствени менувачи во базата на тимот во Енстоун до 2027 година.
Тимот ќе продолжи да се труди да се претстави што е можно подобро во сезоните 2024 и 2025 година. Шлагот на тортата дојде во Бразил, на дожд.
Пјер Гасли и Естебан Окон забележаа двоен пласман на победничкиот подиум, со кој тимот скокна на шестото место кај шампионатот на конструктори.
Многу добра вест за нив, бидејќи овој напредок на табелата се претвора во добра финансиска сума на крајот на годината, се разбира, доколку успеат да ја задржат таа позиција.
ЛИНК
РЕНО КАПИТУЛИРАШЕ ПО 50 ГОДИНИ ВО Ф1 ШАМПИОНАТОТ
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.