Пред да биде објавен на веб страниците на ФИА или Формула 1, списокот со пријавени учесници за 2025 Ф1 сезоната беше предвремено објавен преку филијалите на ФИА во Латинска Америка.
Треба да се напомене дека овие списоци не се конечни и може да се направат промени во секое време. Па така, иако името на Серџо Перез се појавува како возач на Ред Бул за новата сезона, тоа лесно може да биде променето.
Во списокот има само едно слободно возачко место во тимот на Рејсинг Бул, новото име на тимот од Фаенца. Присуството на Серџо Перез може да се должи на тоа што Мексиканецот има актуелен договор, кој засега не е отповикан.
Серџо Перез присуствуваше на забавата на Ред Бул за крајот на сезоната, каде што пристигна со 2.000 шишиња текила како благодарност до целиот персонал на тимот.
Во списокот е и името на Џек Дуан во тимот на Алпин. Некои гласини се дека би можел да биде заменет, по неговото не баш славно деби во Абу Даби, но шансите од ден на ден се се помали за такво нешто.
Во новата сезона ќе имаме многу дебитанти, а тие ги избраа своите Ф1 броеви: Габриел Бортолето, го избра бројот 5 (кој го користеше Себастијан Ветел), Џек Дуан се одлучи за бројот 7 (кој го користеше Кими Раиконен), Андреа Кими Антонели ќе вози со број 12 и Оливер Берман со 87.
Во моментов има четворица дебитанти, бројка што може да се зголеми на пет кога Рејсинг Бул ќе се одлучи за својот втор возач. Иако Лосон се натпреваруваше како замена за Даниел Рикиардо, тој сè уште нема комплетирано цела сезона.
ЛИСТА НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ ЗА 2025 Ф1 СЕЗОНАТА
12/14/2024 09:06:00 PM
0
Share to other apps