Ред Бул официјално објави дека Лиам Лосон ќе биде замената за Серџо Перез за следната 2025 сезона од Формула 1 шампионатот, така што Новозеланѓанецот ќе биде новиот тимски колега на Макс Ферстапен во борбата за последните титули од тековните прописи.
Заминувањето на Перез беше лошо чувана тајна. И покрај тоа што Мексиканецот го доби обновување на договор на почетокот на јуни, неговата иднина секогаш беше неизвесна и неговото заминување конечно беше потврдено вчера.
Иднината на Лиам Лосон беше позната, колку и да се обидуваа некои да го вметнат Јуки Цунода во прв план, вистината е дека во тимот на Ред Бул единствена опција за замена на Перез беше возачот од Нов Зеланд.
Лиам Лосон: "Да бидам најавен како возач на Ред Бул е животен сон, тоа е нешто што го посакував и работев на неговото остварување од своја осумгодишна возраст. Сакам да им искажам огромна благодарност на целиот тим на РБ за поддршката, последните шест трки одиграа важна улога во мојата подготовка за овој следен чекор."
"Исто така, сакам да му се заблагодарам на Кристијан, Хелмут и целото семејство на Ред Бул што веруваа во мене и ми ја дадоа оваа можност. Многу сум возбуден што ќе работам заедно со Макс и ќе учам од шампион, не се сомневам дека ќе научам многу од неговото искуство. Едвај чекам да започе сезоната!"
Лосон се приклучи на семејството Ред Бул во 2019 година и има комплетирано само 11 Ф1 трки, сите со тимот од Фаенца. Алекс Албон го стори тоа во 2019 година со 12 трки.
Кристијан Хорнер, тимски шеф на Ред Бул: "Среќен сум што можам да објавам дека Лиам Лосон ќе му се приклучи на тимот во 2025 година. Настапите на Лиам во текот на неговите два периоди со РБ покажаа дека тој не само што е способен да дава добри резултати, туку е и вистински тркач, кој не се плаши да се натпреварува со најдобрите и да излезе како победник."
"Неговото доаѓање ја продолжува долгата историја на тимот за промовирање возачи од јуниорската програма на Ред Бул и ги следи стапките на шампионите и возачите победници како Себастијан Ветел и, се разбира, Макс Ферстапен."
"Нема сомнеж дека да се натпреваруваш покрај Макс, четирикратен Ф1 шампион и несомнено еден од најдобрите возачи што настапиле во Ф1 шампионатот, е застрашувачка задача, но уверен сум дека Лиам може да одговори на тој предизвик и да ни понуди извонредни резултати следната година."
Ред Бул се враќа кон својата академија и отфрла платен возач за второто место во првиот тим. Беше сосема јасно дека Јуки Цунода дека нема да биде земен во предвид, иако многумина мислеа дека треба да ја има својата шанса.
Лосон и Цунода имаа заеднички настап на 11 трки во 2023 и 2024 година. Во квалификациите, Цунода победи со 10 спрема 1. Во трка Лосон победи со 6 спрема 5, а поени се освојуват во недела.
Јапонецот никогаш не бил интересен за Ред Бул и тие го задржаа во Б тимот поради неговите врски со Хонда. Недостасува само објавата на Исак Хаџар како нов тимски колега на Цунода во тимот на Рејсинг Бул.
Како што откри познатиот новинар Крис Медланд, вчерашната разделба на Серџо Перез и Ред Бул, дојде неколку дена подоцна од кога паднал договорот за разделба бидејќи тимот и возачот не биле договорени кој од нив прв ќе ја објави разделбата.
Пред четири години на 18 декември 2020 година, Ред Бул го објавија ангажирањето на Перез за сезоната 2021 како нов партнер на Макс Ферстапен, а тоа беше денот на завршување на партнерството кое траеше четири години.
Во овој период Чеко забележа пет победи, три пол позиции и 30 пласмани на победничкиот подиум.
Серџо Перез: "Сакам да искажам огромна благодарност до секој човек во тимот, од менаџмент, инженери, механичари, кујна, кетеринг, маркетинг и комуникации, како и на секој човек во Милтон Кејнс. Им посакувам се најдобро за иднината."
"Беше чест да возам заедно со Макс, да го имам за тимски колега сите овие години и да ги споделиме нашите успеси. Посебна благодарност до сите фанови ширум светот, особено на Мексиканците за сета нивна безрезервна поддршка."
"Никогаш не се откажуваj..." беа завршните зборови на мексиканецот.
Засега не е позната неговата иднина и дали таа е поврзана со Ф1 шампионатот. Со затворени врати на краток рок, останува да се реши прашањето дали Големата Награда на Абу Даби во 2024 година, исто така, беше и последната трка за Серџо во Големиот циркус.
Без сомнение, би било вистинска штета за возач кој беше присутен 14 сезони во оваа категорија да се збогува на толку незгоден начин.
Сепак, неговото заминување беше веќе неизбежно, неговите лоши резултати го поддржуваат тоа.
Штета за многубројните Ф1 фанови од Мексико кои вистински го чувствуваат Мотоспортот, но не се сомневаме дека Перез ќе беше вистинска референца и ќе ја пренесе таа страст за трки на илјадници млади Мексиканци и дека некој од нив ќе стане негов наследник.
ЛИАМ ЛОСОН ТИМСКИ КОЛЕГА НА МАКС ФЕРСТАПЕН
12/19/2024 01:10:00 PM
0
Share to other apps