Чарлс Леклер беше најбрзиот возач на единствениот ден на пост-сезонската тест сесија одржана во Абу Даби, каде што тимовите имаа еден болид задолжен за работа со новите гуми за следната сезона и еден болид за млади возачи, од кои некои ќе ги видиме во Формула 1 следната сезона.
Пирели им обезбеди на возачите гуми од сите пет смеши за суво време, од C2 до новата C6, како и гуми за влажна патека и дожд, но тие не беа потребни. Овој пат немаше однапред доставена програма од Пирели, туку секој тим можеше да дејствува во свои интереси.
23 возачи излегоа на патеката, а неколку тимови направија промени во текот на денот. Во попладневните часови, иако не целосно закрепнат, Андреа Кими Антонели се врати зад воланот, откако поради болест ја пропушти последната трка од Формула 2 шампинатот и утринскиот дел од тест сесијата. Забележаните времиња беа солидни, но секако во втор план.
Лидер во однос на поминати километри беше Лиам Лосон, кој комплетираше 159 круга во текот на денот, растојание речиси колку три трки. Малку зад него заостанаа Карлос Саинц Јр. со болидот на Вилијамс и Фелипе Другович во Астон Мартин, по 146 кругови.
Откако ја подели програмата на тројца возачи, Ферари извозе најдолго растојание меѓу тимовите, 275 круга.
Со ова акцијата на патеките за 2024 сезоната е завршена!
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР И ФЕРАРИ НАЈБРЗИ НА ТЕСТ СЕСИЈАТА ВО АБУ ДАБИ
12/12/2024 09:25:00 PM
0
Share to other apps