Мекларен едноставно нема конкуренција на патеката Јас Марина во Абу Даби, лесно забележува 1-2 пласмани на тренинг сесиите, но се тоа треба да го потврди на квалификациите кои се закажани за 15:00 часот по македонско време.
Оскар Пјастри беше најбрзиот возач на саботниот тренинг, пред Ландо Норис, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. Карлос Саинц Јр. беше петти, но формата на Ферари не е ни блиску до онаа каква што треба да биде за да атакуваат на титулата.
Условите на патеката за време на квалификациите ќе бидат многу поразлични од тековните, па возачите не беа премногу расположени за многу акција на оваа тренинг сесија.
Најкористена гума од самиот почеток беше црвената, со исклучок на Макс Ферстапен и Саинц Јр., кои возеа на жолтите гуми.
Во првите 40 минути немаше многу за известување, а вистинската акција започна во последните 20-тина минути.
Сите возачи имаа квалификациски круг на најмеката, и најбрза, смеша на Пирели, а редоследот го имате на табелата:
МЕКЛАРЕН Е НАЈБРЗИОТ БОЛИД НА ЈАС МАРИНА
12/07/2024 11:16:00 AM
0
Share to other apps