Претпоследната етапа на 2025 Дакар релито ја доби Матијас Екстром, кој оваа година се натпреварува во новиот автомобил Ford Raptor T1+.
Ова е веќе петти Дакар во кариерата на двократниот шампион во ДТМ, но претходните години успеа да освои само неколку етапни победи, а денес ја забележа третата ваква победа.
Екстром најбрзо ја помина најтешката делница од 11-тата етапа, која минуваше низ дините на пустината Руб ал-Кали, а на целта беше само 41 секунда пред Насер Ал-Атија, кој оваа година го претставува францускиот тим на Дачија СендРајдерс.
Петкратниот победник на Дакар очигледно ризикуваше, направи сè што беше во негова моќ за да ја надополни разликата барем од екипажот на Екстром, но сепак не можеше да помине пред него, забележа второ време и остана четврти во генералниот пласман.
Пред последниот ден од натпреварувањето, на лидерската позиција во генерален пласман се врати Јазид Ал-Раџи, кој доаѓа од земјата домаќин - Саудиска Арабија, и, се разбира, тој навистина сака да се истакне во својата татковина.
Досега, неговото најдобро достигнување останува третото место на Дакар релито во 2022 година. Вчера Ал-Раџи го загуби водството од Хенк Латеган, но денес не само што успеа да го победи, туку и го победи јужноафриканскиот екипаж на фабричкиот тим на Тојота Газу Рејсинг за 6 минути и 11 секунди.
Ова ветува возбудлива битка во последната етапа. Денес Јазид Ал-Раџи со неговиот Тојота Хилукс, подготвен од белгискиот тим Овердрајв Рејсинг, го забележа третото време, а неговиот главен ривал заврши на петтото место.
Може да се каже дека останува отворено прашањето кој ќе биде победник и во категоријата на две тркала, бидејќи Тоша Шареина од фабричкиот тим на Хонда, ја забележа неговата втора етапна победа на Дакар.
Тој беше 33 секунди пред Аргентинецот Лучијано Бенавидез со КТМ и речиси една минута пред Холанѓанецот Адриен ван Беверен, неговиот тимски колега од Хонда.
Карактеристично е што Шареина стана седмиот мотоциклист кој победил на етапите оваа година, но лидер во оваа категорија и понатаму е Даниел Сандерс. Австралиецот традиционално се натпреварува на мотоцикли КТМ.
Од неговата спортска биографија поврзана со Дакар, има смисла да се наведат две точки: прво, најдобриот резултат на Сандерс досега останува 3-то место во неговиот деби настап на Дакар, што го освои во 2021 година.
Второ, тој забележа најмногу етапни победи во 2022 година, три, но таа година релито го заврши со откажување. Даниел годинава веќе победи на пет етапи, а неговата предност во генералниот пласман пред Тоша Шареина е точно 9 минути.
Во класата Т3 (Челинџер) екипажот на Јасер Сејдан ја забележа втора етапна победа. Тој беше пред Шпанецот Пау Наваро и неговата сонародничка, натпреварувачката од Саудиска Арабија, Данја Акил, која вчера беше прва.
Сите возат лесни теренци Taurus T3 Max за американскиот тим BBR, како и Аргентинецот Николас Кавиљасо, кој самоуверено води во оваа категорија пред последниот ден од релито. Денеска го забележа 4-тото место на табелата.
Денеска имаше промена на победничкиот подиум во категоријата SSV: поради технички проблеми, екипажот на Ксавиер де Солтре, кој го држеше третото место во генералниот пласман, се повлече од трката. Згора на тоа, тој беше во водство до контролната точка од 186 километри, но потоа нешто се случи со неговото возило Polaris RZR Pro R Sport, а Де Салтре наместо до целта, се врати во својата база.
Сега португалското дуо дебитанти на Дакар, Александре Пинто и Бернандо Оливеира од тимот со забавното име Стари пријатели се искачи на третото место по 11 етапи, со Can-Am Maverick XRS Turbo RR. Денеска беа петти, а Американката Сара Прајс ја забележа втората нејзина етапна победа оваа година.
Во класата на камиони повторно најдобар беше чешкиот екипаж на Мартин Машик, кој по 5-ти пат победи на етапа, зацврстувајќи ја водечката позиција во генералниот пласман со предност од речиси два и пол часа.
На последниот ден од Дакар релито, преостанатите учесници ќе треба да спринтуваат и што побрзо ја поминат кратката етапа од само 61 километар. Кружната рута, како и денес, минува низ песоци, дини и други карактеристични обележја на пустинскиот пејзаж, а има два главни пристапи кон тактиката.
Лидерите најверојатно ќе постапат мудро, ќе избегнуваат ризици и ќе се обидат да ја задржат предноста заради сигурна победа на Дакар. Оние кои сè уште можат да ја подобрат својата ситуација и кои немаат што да изгубат, ќе го извадат максимумот од своите возила со максимален ризик со надеж дека ќе стигнат до победата.
Утре ќе дознаеме кој ќе ја добие познатата статуетка - Златен бедуин, која оди кај победниците во секоја категорија. Судејќи според тоа како денес изгледа распоредот на силите, во повеќето класи победници ќе бидат возачи кои никогаш не успеале да го освојат Дакар, што ќе предивика големи емоции и радост.
АВТОМОБИЛИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 201
ЈАЗИД АЛ-РАЏИ
ТИМО ГЛОТШАЛК
OVERDRIVE RACING
(2) 211
ХЕНК ЛАТЕГАН
БРЕТ КАМИНГС
TOYOTA GAZOO RACING
+ 06:54
(3) 226
МАТИЈАС ЕКСТРОМ
ЕМИЛ БЕРГКВИСТ
FORD M-SPORT
+ 22:34
(4) 200
НАСЕР АЛ-АТИЈА
ЕДВАРД БУЛАНЖЕ
THE DACIA SANDRIDERS
+ 26:50
(5) 228
МИЧЕЛ ГАТРИ
КЕЛОН ВОЛШ
FORD M-SPORT
+ 59:26
МОТОРИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 4 ДАНИЕЛ САНДЕРС
RED BULL KTM FACTORY RACING
(2) 68 ТОША ШАРЕИНА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 09:00
(3) 42 АДРИЕН ВАН БЕВЕРЕН
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 15:50
(4) 77 ЛУСИЈАНО БЕНАВИДЕС
MRED BULL KTM FACTORY RACING
+ 22:16
(5) 9 РИКИ БРАБЕК
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 28:35
МАТИЈАС ЕКТРОМ СО ПИРОВА ПОБЕДА ЗА ФОРД
1/16/2025 09:00:00 PM
0
Tags
Share to other apps