Десетте тимови на гридот ги презентираат 2025 обојувањата на своите болиди на заедничка презентација која што се одржи во Лондон, во преполната О2 Арена.
Целиот настан траеше околу два часа, при што секој тим имаше седум минути да ги презентира своите бои за новата сезона.
Водител на презентацијата беше комичарот и актер Џек Вајтхол, а како музички гости настапија американската кантри сензација Кејн Браун, МГК, композиторот Брајан Тајлер и британската група Take That.
Настанот можеше да се следи во живо и бесплатно на сите социјални медиуми на Формула 1. Во прилог го имате линкот од X каналот каде се емитуваше директниот пренос.
This is #F175LIVE 🤩
— Formula 1 (@F1) February 18, 2025
Tune in for our historic launch event 📺 https://t.co/UCregScTH0
Тимовите ги откриваа нивните 2025 "дресови" во обратен редослед во однос на минатогодишниот пласман во шампионатот за конструктори.
Така, тимот на Заубер беше првиот што го стори тоа. Никого не изненади, задржувајќи ја зелената боја која стана толку карактеристична минатата година и која нема да помине незабележано ниту во оваа сезона.
Следниот тим што го прикажа дизајнот на најновиот болид беше Вилијамс. Тимот веќе ја имаше официјалната презентација на FW47 на 14 февруари, но допрва требаше да се објави конечниот изглед на болидот.
Рејсинг Булс беше можеби најпроменетиот болид и еден од најубавите според првичните импресии на повеќето Ф1 фанови. 2025 дизајнот беше изненадување, што го открија самите возачи, Исак Хаџар и Јуки Цунода. Се е прашање на вкус.
Хас го покажа својот VF-25, но тоа не беше големо изненадување, затоа што нивниот најнов дизајн на бои беше веќе "откриен" на социјалните мрежи од папарацо фотките и видеа од патеката Силверстоун каде имаа филмски ден.
Потоа дојде редот на Алпин. Францускиот тим излезе на сцената со Оливер Оукс, нивниот тимски шеф, и двајцата возачи: Пјер Гасли и Џек Дуан. Новиот болид е обоен во карактеристичните светло розови бои на спонзорот на тимот, BWT. Истата боја доминира кај оделата на тркачите.
Астон Мартин се најде на петтото место. Тимот од Силверстоун влезе во салата со музика на Џејмс Бонд, возачи во костуми, кацигите на глава и од трибините. Обојувањето со многу јаглеродни влакна, беше најубавата на ноќта за Фернандо Алонсо. За да го видиме новиот болид ќе треба да почекаме до 23 февруари, кога ќе се одржи официјалната презентација.
Набрзо потоа пристигнаа Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел, придружувани од Тото Волф. Тоа беше почеток на нова ера за Мерцедес АМГ, сега без седумкратниот шампион и тоа беше важен момент за нив. W16 го означува почетокот на нова ера за нив, а тие дури и јасно го кажаа тоа во живо.
Презентација на W16 ќе се одржи на 24 февруари, непосредно пред почетокот на предсезонската тест сесија. Шемата на бои е препознатлива, сребрено-црна со логото на Петронас. Се забележува помала присутност на третиот сопственик, INEOS.
Ред Бул, следен на листата откако заврши на третото место во шампионатот на конструктори, на сцената се појави со луда забава, буквално. Сепак, иако Макс во неколку наврати изјави дека сака нешто поразлино во обојувањето на болидот, од тимот не го послушаа и РБ21 не се разликува премногу од минатата година.
Презентацијата на новиот болид на Ред Бул започна со музиката на Ролинг Стоунс, претворена во свирежи од публиката насочена кон Кристијан Хорнер, кој излезе на сцената, најверојатно поради минатогодишните приказни и забелешки упатени кон Британците, а потоа следеше краток детективски филм за испораката на РБ21 на церемонијата.
Сè заврши со голема толпа која се појави зад Макс Ферстапен и Лиам Лосон. Тимот нагласи дека нема да има друга презентација за оваа година, а дебито на патеката ќе биде во Бахреин на тест сесијата.
Ферари беше вицешампион, па јавноста мораше да почека речиси до крајот на презентацијата за да види како ќе биде обоен SF-25, првиот Ферари болид за Луис Хамилтон.
И изненадија со изборот на бои, особено со големото присуство на белата боја. За разлика од Ред Бул, екипата на Ферари го доби најбурниот аплауз на овој настан, поради возбудата што во живо го слушаше седумкратниот шампион облечен во црвено.
Последниот болид беше MCL39, кој има задача да ја брани шампионската титула. Или барем тоа е намерата на Мекларен, кои веќе најавија дека се работи за болид со многу промени во однос на минатата година. Но обојувањето е речиси исто како и на минатогодишниот болид.
По презентацијата на десетте болиди, Ф1 го затвори настанот. Сега останува само да почекаме, бидејќи вистинската возбуда наскоро ќе стане реалност!