Светскиот совет за моторни спортови на ФИА го одржа првиот состанок во 2025 година, на кој официјално беа одобрени голем број претходно донесени одлуки.
Конкретно, беше прифатен предлогот на Комисијата за Формула 1 за два задолжителни пит-стопа на Големата Награда на Монако, без разлика на временските услови.
Со тоа оваа година за време на трката во Монако ќе бидат задолжителни најмалку три комплети на пневматици.
Ако трката се одржува на сува патека, тогаш мора да се користат најмалку две различни гуми за суво време.
Се очекува дека усвоената иновација ќе ја направи патеката поспектакуларна, каде традиционално има малку претекнувања.
Покрај тоа, Светскиот совет одобри голем број календари за сезоната 2025, вклучувајќи ги и оние за Формула 1, Формула 2, Формула 3, Формула Е и други шампионати. Не беа направени никакви промени на претходно објавените верзии, така што денешното одобрување беше само формалност.
Следниот состанок на Светскиот совет ќе се одржи на 10 јуни во Макао, состанокот на 16 октомври ќе биде виртуелен, а последното Генерално собрание на ФИА годинава е закажано за 10 декември во Ташкент, главниот град на Узбекистан. Таму ќе се одржи и доделувањето на наградите за шампионите во сезоната.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДВА ПИТ-СТОПА НА ТРКАТА ВО МОНАКО
2/27/2025 01:09:00 AM
0
Share to other apps