Церемонијата на подиумот за Големата награда на Австралија ќе го означи почетокот на соработката помеѓу Пирели Дизајн и Денис Дековиќ, светски познат дизајнер, кој ќе произведе 14 различни дизајни на Пирели капите за победничкиот подиум од Формула 1 шампионатот.
Дековиќ им оддава почит на традициите и културниот идентитет на земјата домаќин на трката преку употреба на бои и материјали.
Со повеќе од 30 години искуство во светот на спортската облека, Дековиќ ја носи својата визија, со ексклузивни дизајни што ги отелотворуваат перформансите, прецизноста и престижот, како одраз на потрагата на Пирели за извонредност на патеката и надвор од неа.
Во прилог го имате дизајнот на капите за првите три трки од 2025 сезоната:
ПИРЕЛИ: НЕШТО НОВО НА ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ
3/11/2025 12:05:00 PM
0
Share to other apps