Луис Хамилтон се одбрани од Макс Ферстапен, за победа на првиот спринт со Ферари во неговиот втор викенд со тимот, за Големата Награда на Кина.
Холанѓанецот го загуби темпото и на крајот беше претекнат од Оскар Пјастри, додека Ландо Норис не можеше повеќе од осмото место.
Ленс Строл пред Фернандо Алонсо. Ленс во Q3, но Фернандо, не. Алекс Албон во Q3, а Карлос Саинц Јр., не. Оливер Берман подобар од Естебан Окон. Џек Дуан се квалификува пред Пјер Гасли. Габриел Бортолето, пред Нико Хулкенберг.
Јуки Цунода како најбрз од останатите, пред Лиам Лосон, по втор пат. Но, пред се, папаја возачите не беа на потребното ниво, со прв стартен ред за Хамилтон и Ферстапен.
Неочекуван исход на спринт квалификациите. Се чини дека се беше наопаку, бидејќи многу од "вторите" возачи на тимовите, или втори според согледувањата на фановите, се пред оние од кои се очекува да бидат главни возачи.
Стартен редослед со многу возачи надвор од своите позиции, што претставува рецепт за интересни случки.
Првиот викенд во спринт формат во 2025 сезоната дојде со изненадување вчера, бидејќи Луис Хамилтон блескаше и ја освои првата позиција за денешниот Спринт, победувајќи го Макс Ферстапен за само 18 илјадити делови од секундата, а Мекларен и Чарлс Леклер беа чекор поназад.
Асфалтот беше целосно сув и со температура од 36 степени. Стартот помина без инциденти. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен започнаа добро, со тоа што британецот ја затвори внатрешната страна од самиот почеток, Оскар Пјастри се задржа на третото место, а Чарлс Леклер, откако го нападна Австралиецот, беше претекнат од Џорџ Расел во 14-от свиок. Ландо Норис падна на 9-тото место.
Луис Хамилтон можеше брзо да создаде разлика од повеќе од една секунда пред Макс Ферстапен, спречувајќи го да го користи ДРС системот. Холанѓанецот се држеше неколку круга на второто место, без да заостанува премногу и со добра контрола на неговите ривали.
Во меѓувреме, позициите позади останаа стабилни, иако Кими Антонели и Ландо Норис се чинеше дека имаат нешто дополнително во однос на оние пред нив.
По пет круга на смиреност, Луис Хамилтон направи мала промена на темпото и не само што Макс Ферстапен падна на 1.5 секунда, туку и Оскар Пјастри стигна до секунда и можеше да го отвори ДРС системот.
Изгледаше дека четирикратниот шампион е во неволја, но во седмиот круг тој одговори со неколку брзи круга и се најде во ДРС зоната зад лидерот. Во оваа фаза, Спринтот влезе во период на менаџирање со гумите, на кои се појави грејнинг, предизвикувајќи главоболка кај многу возачи.
Во таа ситиација, Луис Хамилтон се оддалечуваше напред, додека Оскар Пјастри се приближуваше до Макс Ферстапен, чии предни пневматици беа потрошени. Австралиецот нападна од внатрешноста на 14-от свиок во 15-от круг и успеа да го преземе второто место.
На четири круга до крајот, австралиецот беше помалку од три секунди зад лидерот, додека Макс Ферстапен ги имаше Џорџ Расел и Чарлс Леклер доволно далеку што не мораше да размислува за нив.
Во тие последни кругови, наместо да се намали разликата до Луис Хамилтон, таа растеше уште повеќе. Британецот го заврши Спринтот со речиси седум секунди предност пред Пјастри.
Макс Ферстапен заврши на третото место, пред Расел и Леклер кои имаа блиска борба за четвртото место речиси цел Спринт. Јуки Цунода се спротивстави на Кими Антонели, додека Ландо Норис го претекна Ленс Строл дури во 17-от круг за да го освои последниот поен.
ЛУИС ХАМИЛТОН ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ ВО ШАНГАЈ
3/22/2025 12:44:00 AM
3 minute read
0
Share to other apps