Реасфалтирањето на патеката од излезот на последната шикана до крајот на првиот сектор, е важно, бидејќи е составен од свиоци кои се поминуваат со средна и голема брзина, некои од нив многу долги.
Оскар Пјастри со 1:28.114 и Ландо Норис со 1:28.163, го подобрија минатогодишното време на пол позицијата на Макс Ферстапен, 1:28.197. Имено, освен Макс, практично сите ги подобрија своите времиња во 2025 година.
Колку ќе се подобрат времињата на квалификациите? Тешко е да се каже, но реално може да се очекува да паднат под 1:27.000 со што ќе се подобри рекордот на патеката, кој го држи Себастијан Ветел со 1:27.064 од 2019 година.
Доколку се оствари прогнозата на Пирели, би зборувале за потенцијални 1:26.5/1:26.7.
Но, временската прогноза најавува минимални шанси за дожд, кој е многу веројатен за неделната трка. Незгодно, незгодно за поставките на болидот, кои се разликуваат многу за влажна и сува патека.
Акцијата продолжува вечерва со саботниот тренинг закажан за 04:30 часот, а она вистинското Квалификациите ќе стартуваат во 8 часот по Македонско време!
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЛИНКОТ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.