Ред Бул е екстремно нестабилен болид, а Сузука е една од најтехничките патеки во календарот, но тоа не беше пречка за Макс Ферстапен да ги победи сите прогнози за лесен триумф на Мекларен.
Четирикратниот шампион ја забележа Пол позицијата пред двата возачи на Мекларен и сега влегува во недела со отворени опции за победа со оглед на можноста дождот да стане протагонист. Но, реално тоа ќе биде уште поневозможна мисија од денешната!
Норис и Пјастри беа доминантни низ целиот тек на квалификациите и ги поставија најдобрите времиња во сите три сектори, но постојаноста на Ферстапен беше она што ја направи разликата.
Ландо Норис не успеа во својот прв Q3 обид, а Пјастри погреши во вториот, а додека се случуваше ова, Ферстапен го однесе својот RB21 до врвот.
Јуки Цунода успеа да го однесе вториот болид на Ред Бул во Q2 сегментот, за прв пат оваа сезона. Со тоа Јапонецот ги надмина постигнувањата што Лиам Лосон ги имаше на претходните две трки, на кои се натпреваруваше со тимот.
Но, тоа не беше доволно да се победи на патеката, бидејќи Лосон заврши пред Цунода во Q2. Каков парадокс, но можеби има вистина кога од германскиот АМуС се категорични дека Рејсинг Булс имаа поконкурентен болид од Ред Бул?!?
Q1 сесијата започна со четири болиди кои нетрпеливо ги чекаа чекаа зелените светла на зилезот од Пит-линијата. Тоа беа Естебан Окон, Оливер Берман, Џек Дуан и Карлос Саинц Јр.. Секако сите се одлучија за најмеката смеша на Пирели, од кои секогаш се произведени црвените гуми.
Луис Хамилтон се издвојуваше од останатите возачи и првично користеше жолти гуми, за да зачува сет од побрзите гуми за подоцна. Сите возачи излегоа на патеката пред истекот на 4-та минута од сесијата, освен Гасли, Хаџар и Лосон, кои чекаа дополнителна минута за да го имаат асфалтот во поповолни услови.
Возачите на Мекларен пристигнаа како фаворити, а Норис се консолидираше како прв лидер, иако неговиот тимски колега Оскар Пјастри го надмина неколку моменти подоцна.
Џорџ Расел беше задолжен да ја одржи надежта за добра битка за пол, постигнувајќи време кое му овозможи да се протне помеѓу двата болида од Вокинг.
На девет минути преостанати, Хамилтон премина на црвените гуми. Резултатот беше очигледен, тој го подобри своето време за осум десетинки, што му овозможи да се пласира на шестото место и поминување во следниот сегмент.
Во тие моменти, Лиам Лосон, Фернандо Алонсо, Кими Андреа Антонели, Исак Хаџар и Ленс Строл беа на местата за испаѓање. Хаџар беше особено нервозен и преку тимското радио се жалеше за одреден проблем што го спречува да напредува.
На нешто повеќе од три минути до крајот, болидите тргнаа на патеката за последниот брз круг.
Норис, Леклер и Албон останаа во боксот, додека Пјастри, Расел и Ферстапен избраа да користат искористен сет на пневматици, додека сите останати поставија нов сет црвени гуми.
Нико Хулкенберг беше првиот елиминиран за само 16 илјадитинки. По него беа Габриел Бортолето, Естебан Окон, Џек Дуан и Ленс Строл. Канаѓанецот од Астон Мартин не се подобри во својот втор обид поради грешката во шестиот свиок.
Јуки Цунода во првиот викенд со Ред Бул заврши седми во Q1. Ова немаше да го споменуваме, ако не беше фактот што возачот што го замени, Лиам Лосон, не успеа да стигне до Q2 во ниту една од двете трки на кои се натпреваруваше со овој тим.
Оливер Берман беше првиот што излезе на патеката во Q2, следен од Пјер Гасли и возачите на Ред Бул. За прв пат оваа сезона, тимот од Милтон Кејнс ги имаше двајцата свои возачи во вториот сегмент од квалификациите.
Двата возачи на Ферари и Јуки Цунода беа единствените кои се одлучија за искористен сет од црвените пневматици за првиот брз круг. Останатите возачи директно преминаа на нов сет.
Ферстапен беше првиот лидер во Q2 со 1:27.502, но Мекларен уште еднаш ја покажа својата добра форма и Ландо Норис го запре часовникот на 1:27.146 за да се искачи на врвот.
Неколку моменти подоцна Ред Булот беше надминат и од Џорџ Расел со 1:27.400. Изненадувањето на овие први брзи круга беше Алекс Албон, петти со неговиот Вилијамс и време од 1:27.783.
На осум и пол минути до крајот имаше црвено знаме поради нов пожар на тревата на Сузука. Прекинот дојде кога веќе сите возачи го завршија првиот брз круг, па тоа немаше влијание на исходот на резултатите.
Во зоната на отпаѓање беа Саинц Јр., Алонсо, Берман, Цунода и Лосон.
Двата возачи на Ферари монтираа нов сет на црвените гуми во очекување на зелените светла, кои се запалија по прекин од осум минути. Ги намалија своите времиња за две десетинки во однос на нивното првично време, но без очекуваниот напредок.
Останатите возачи ги чекаа последните неколку минути пред да излезат на патеката за својот втор брз круг. Сите возачи беа на нов сет на гуми, освен Ландо Норис, кој беше лидер и избра да остане во својата гаража, додека Расел и Ферстапен кои беа на второ и трето место, соодветно, беа на искоритен сет на гуми.
На крајот елиминирани од понатамошниот тек на квалификациите беа Пјер Гасли, Карлос Саинц Јр., Фернандо Алонсо, Лиам Лосон и Јуки Цунода. Изненадувачки крај на сесијата, бидејќи Лосон победи Цунода со болдиот на Рејсинг Булс.
Јапонецот заостана пет десетинки од времето на Ферстапен, кој помина во Q3 како петти најбрз. Стјуардите забележаа блокирање на Луис Хамилтон од страна на Карлос Саинц Јр., на кого му беше изречена казна од три стартни позиции за утрешната трка.
Сите фаворити излегоа за првиот обид во Q3 со нов комплет црвени гуми. Антонели, Берман, Хаџар и Албон мораа да користат старт сет за овој прв брз круг.
Џорџ Расел беше првиот лидер со 1:27.318, но веднаш беше симнат од врвот од Оскар Пјастри кој беше побрз за две десетинки.
Изненадувањето во овој прв обид беше Ландо Норис. Додека Пјастри се врати во својата гаража со време за пол, Норис заостана за три десетинки. Тој беше петти.
Зад Пјастри разликите беа минимални, Ферстапен, Леклер и Расел беа распоредени во само 40 илјадитинки. Хамилтон беше шести, четири десетинки зад Чарлс Леклер.
На три минути до крајот болидите се вратија на патеката за последниот обид.
Ферстапен и Пјастри беа последните што излегоа на патеката. Ландо Норис беше многу подбар со виолетов прв сектор и многу подобри преостанатати два сектори, што му овозможи да се искачи на првото место со 1:26.995.
Најголемото изненадување го приреди Макс Ферстапен. Холанѓанецот го направи незамисливото и ја освои Пол позицијата, победувајќи го Норис за само 12 илјадити делови од секундата кога никој не веруваше дека тоа е можно.
Клучот на Ферстапен беше постојаноста, виолетовите сектори ги имаше Мекларен, но упорноста на четирикратниот шампион му овозможи да забележи совршен круг. Оскар Пјастри последен ја помина целната линија, но му фалеа 0.044 делови од секундата.
Мекларен пристигна како фаворит за Пол позицијата откако ги предводеше сите тренинг сесии за Големата Награда на Јапонија.
На саботниот тренинг, Ландо Норис беше за 26 илјадитинки побрз од Оскар Пјастри за уште еден лесен 1-2 пласман.
Механичарите на Алпин работеа цела ноќ за да го подготват болидот на Џек Дуан по големиот инцидент во петокот. Не помалку интензивно, организаторите, под надзор на ФИА, ја третираа тревата околу патеката за да спречат пожари.
Сепак, сесијата беше прекината веќе во осмата минута од истата причина. На петочните тренинг сесии никој не успеа да извози долга серија кругови, па по рестартирањето возачите побрзаа на патеката со надеж дека ќе ги соберат информациите што недостасуваа.
Норис помина низ чакалот излегувајќи од деветтиот свиок. Ферстапен и Пјастри ги прекршија упатствата на директорот на трката и добија предупредување по сесијата.
Шест минути пред крајот на тренингот, по втор пат се појавија црвени знамиња и повторно поради тревата која се запали. Возачите мораа да ја прекинат серијата кругови и да се вратат во гаражите.
Паузата се одолговлечи и сесијата беше предвремено завршена. Пред квалификациите, тревата околу патеката повторно се наводнуваше.
МАГИЧНА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН
4/04/2025 11:53:00 PM
6 minute read
0
Share to other apps