Роберт Рид, заменик претседателот на ФИА за мотоспорт, поднесе оставка. (прв од десно на фотографијата)
Спорот во рамките на ФИА меѓу претседателот Мохамед бин Сулејем и другите клучни фигури во федерацијата достигнува ново ниво. Заменикот за спорт на Бин Сулејем, Роберт Рид, денес поднесе оставка.
Во изјавата, Рид објасни дека повеќе не може да работи за федерацијата бидејќи раководството, односно Бин Сулејем, отстапува од основните принципи
"Кога ја презедов оваа позиција, мојата намера беше да му служам на членството на ФИА, а не на раководството. Со текот на времето, бев сведок на постојана ерозија на принципите што ветивме дека ќе ги почитуваме."
"Одлуките се носат зад затворени врати, заобиколувајќи ги структурите и луѓето кои ФИА постои да ги претставува. Мојата оставка не е за личности, туку за принципи."
"Мотоспортот заслужува одговорно, транспарентно и ориентирано кон членовите на ФИА раководство. Повеќе не можам со добра волја да останам дел од систем кој не ги одразува овие вредности."
На крајот на февруари, на Роберт Рид и на претставникот на Британската федерација Дејвид Ричардс им беше забрането да присуствуваат на состанокот на Светскиот совет за моторни спортови поради спор со претседателот на Федерацијата, Мохамед Бен Сулејем.
Првиот мандат на Бен Сулејем завршува оваа година и тој се надева дека ќе биде реизбран во декември. Засега тој е без против кандидат, но гласините се дека му се спрема "кукавичко јајце".
Бен Сулејем се нафати на голема битка, ФИА да ја направи меѓународна, а не британска автомобилистичка федерација. Дали ќе успее, ќе покаже времето. Непријателот е моќен.
ОСТАВКА НА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИА
4/10/2025 02:15:00 PM
0
Share to other apps


