Италијанскиот Corriere dello Sport, известува за пораката која што Леклер им ја соопштил на раководството на Ферари.
Тој најавил дека болидот ќе го подесува како што нему му одговара и повеќе нема да се води од гаражата на Луис Хамилтон.
Дали Британецот веќе е дефиниран како ПРВ возач на тимот?
Инаку, Ферари подготвува нов под за SF-25, со цел да се подобри балансот и стабилноста. Болидот сè уште не може да се спушти доволно блиску до асфалтот поради прекумерно абење на мерните точки на подот кои ги контролира ФИА.
Ажурираниот под е дизајниран да генерира поефикасна потисна сила при сегашните висини на возење. Една од целите е да се префрли центарот на притисокот напред за да се подобри ротацијата во свиоците.
Оваа надградба се очекува да го намали хроничниот проблем со подуправувањето на SF-25.
По првите три трки од 2025 сезоната, Ферари има три пати помалку бодови од Мекларен, а италијанскиот тим е на 4-то место во шампионатот за конструктори.
Фред Васер вели дека не треба некој да очекува се да се смени во еден ден!
Тој признава дека во Јапонија Ферари мораше да направи компромиси во процесот на поставување на болидот за да избегне повторување на проблемот поради кој Луис Хамилтон беше дисквалификуван на претходната трка во Кина.
SF-25 многу брзо ќе добие голем број технички надградби, но пред да ги имплементираме и да се обидеме да ја подобриме ефикасноста на шасијата, треба да ги решиме проблемите со балансот на болидот.