Британец лесно постави најдобро време на црвените гуми, пред Пјер Гасли и Луис Хамилтон. Чарлс Леклер, Макс Ферстапен, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц Јр. и Оливер Берман им ги отстапија своите болиди на младите возачи.
Како што налагаат прописите, тимовите мора да го направат ова четири пати оваа година, двапати во секој болид. Денес шанса за настап добија Фелипе Другович, Ајуму Иваса, Дино Беганович, Лук Браунинг, Фредерик Вести и Рио Хиракава.
Посебно за одбележување е присуството на младиот јапонец во неговото деби со Ред Бул, во болидот на Ферстапен и на Швеѓанецот со Ферари во болидот на Чарлс Леклер.
Пирели за овој викенд ги номинираше најтврдите смеши и тоа C1 како бели, C2 жолти и C3 црвени гуми.
На почетокот од сесијата повеќе возачи излегоа на белите гуми, иако неколку тимови како Мекларен, Ред Бул, Вилијамс и Хас се решија за жолти.
Во таа констелација, Алекс Албон со Вилијамс беше најбрз со 1:35.180 на жолтите гуми во првиот половина час.
Возачите на Заубер беа првите кои се префрлија на црвените гуми, а Нико Хулкенберг беше девет десетинки побрз од времето на тајланѓанецот за да го преземе водството.
Како минуваа минутите, сите се префрлаа на најмеката смеша за квалификациски симулации, иако најбрзите тимови не форсираа на оваа многу нерепрезентативна тренинг сесија.
Двата возачи на Мекларен беа особено претпазливи при своите брзи кругови, додека Луис Хамилтон имаше различен распоред на возење.
Во Мерцедес АМГ, Андреа Кими Антонели имаше проблеми со неговиот W16, кој бараше замена на делови од задниот дел на болидот.
Пјер Гасли го имаше најбрзото време, 1:33.442, но Норис го победи за две десетинки откако почна да притиска малку посилно со црвените гуми. Оскар Пјастри при својот брз круг имаше проблеми, т.е. излетување, во последниот сектор.
Кога Хамилтон ги имаше црвените гуми на својот болид, тој беше далеку од најбрзото време, речиси шест десетинки зад Норис, но доволно за третото место.
Албон заврши четврти, пред Естебан Окон на петтото место во сесијата во која имавме многу млади возачи, од кои најдобар на П13 беше Лук Браунинг со болидот на Вилијамс.
Втората тренинг сесија, на која ќе имаме најрепрезентативни услови, е закажана за 17:00 часот по македонско време.
НОВИТЕТИ ЗА ТРКАТА НА САКИР







