Французинот ги победи Ландо Норис за седум илјадити делови од секундата и Чарлс Леклер за седум десетинки.
Првиот тренинг не е од особено значење, но секој круг на најбрзата градска патека во Ф1 календарот е од клучно значење за да се акумулира километража и стекне доверба во можностите на своите болиди.
Ова е патека каде што ѕидовите се многу блиску и каде што очигледно е многу лесно да се направи грешка.
Пјастри заврши на четвртото место, веднаш пред Вилијамсот на Алекс Албон. Тимот од Гроув одлично го започна викендот, Карлос Саинц Јр. беше седми, разделени со Мерцедесот на Џорџ Расел.
Вилијамс беше подобар од Луис Хамилтон и двата возачи на Ред Бул, кои го комплетираа топ десет поредокот.
Британецот на патека која не е идеална за него, заврши половина секунда зад Леклер кој се чувствуваше многу поудобно. Во Ред Бул, Јуки Цунода заврши три илјадитинки зад Макс Ферстапен, а актуелниот шампион беше деветти, а Јапонецот десетти.
Најважната тренинг сесија во Џеда е закажана за 19:00 часот по македонско време.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЛИНКОТ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА ЏЕДА










