Мекларен лесно стигна до Пол позицијата, но Ландо Норис не успеа да го обезбеди првиот стартен ред.
Прв ќе стартува Оскар Пјастри, но Ландо Норис не можеше да направи добар круг кога е најпотребно и со четири десетинки заостанување зад својот тимски колега ќе стартува од шестата позиција.
Џорџ Расел ќе му прави друштво на Австралиецот на првиот стартен ред, додека Чарлс Леклер и Кими Антонели го комплетираат вториот стартен ред.
Најголемото изненадувањето, овој пат непријатно, беше Ландо Норис. Британецот исчезна во Q3 сесијата и не можеше да биде во чекор со својот тимски колега.
Остана далеку зад него и беше немоќен пред Расел, Леклер, Антонели, па дури и Алпинот на Пјер Гасли кои се квалификуваа пред него. Тој е само пред Ферстапен, кој имаше многу проблеми во текот на целиот викенд.
Q1 сесијата започна со Фернандо Алонсо кој стартуваше меѓу првите, како и Ленс Строл и Нико Хулкенберг. Возачи кои сигурно ќе се мачат да влезат во Q2, бидејќи Астон Мартин веќе беше свесен дека пласманот во следната рунда ќе биде тешка задача, врз основа на она што го видоа на трите тренинг сесии.
На другите им требаше малку повеќе време да излезат од своите гаражи, чекајќи патека да се олади што повеќе, а со тоа и значително да се подобрат условите за брз круг.
Со околу 13 минути до крајот на првиот сегмент од квалификациите, на патеката се создаде гужва од болиди.
Макс Ферстапен направи грешка при својот прв обид и мораше да се врати по нов сет на црвени гуми. На Јуки Цунода, пак, му беше избришано времето,поради надминување на границите на патеката.
Битката во средината на поредокот беше многу блиска, но тоа е нешто што се знаеше, и се потврдува во секоја квалификациска сесија. Џек Дуан, на пример, беше на шестата позиција.
Двата Мекларени беа во првите редови, а Чарлс Леклер беше блиску зад нив. Следен беше Кими Антонели, седум десетинки од најдоброто време на Ландо Норис.
Кога дојде време за последните брзи круга, седум возачи беа во само неколку десетинки, додека двата возачи на Ред Бул сè уште немаа забележано време. Притисокот беше и за Ферстапен и за Цунода.
Во тој последен обид зелените сектори беа константни. Подобрувањето на патеката беше повеќе од евидентно.
Карлос Саинц Јр. ја мина целта на шестото место, зад Исак Хаџар, но со време кое беше доволно за да се помине со следниот сегмент. Луис Хамилтон, пак, беше втор, зад Ландо Норис, а Ферстапен го спаси денот со пласманот на второто место, но со употребен втор нов сет од црвените гуми.
Цунода, во меѓувреме, исто така се пласираше во понатамошниот тек од квалификациите. Алонсо успеа да го подобри својот последен сектор и да се пласира пред Јапонецот во Ред Бул.
Изненадување на возачите на Алпин, со Дуан петти, а Гасли осми.
Алекс Албон беше првиот што испадна од Q1 сесијата на П16, а потоа следуваа Лиам Лосон, Габриел Бортолето, Ленс Строл и Оливер Берман.
Подоцна, многу подоцна, дури кога бешево тек Q3 сесијата стјуардите утврдија дека Нико Хулкенберг бил надвор од границите на патеката, кога го постави своето време за П13 пласман, по што беше симнат на П16. Алекс Албон беше оштетен, и тоа многу. Досега не сме биле сведоци на толку задоцнета одлука.
Неколку возачи чекаа во ред на пит-линијата пред да се запалат зелените светла за почеток на Q2 сесијата. Сите возачи се упатија на патеката, со почетокто на сесијата, но, сериозното излетување на Естебан Окон во третиот свиок доведе до стопирање на сесијата со 11 минути преостанати.
Французинот, кој брзо пренесе дека е добро, го чекаше медицинскиот автомобил за да излезе од болидот. На Хас му претстои многу работа за да го поправи задниот дел од неговиот болид, кој беше целосно уништен.
Повторно, по рестартот на сесијата, сите возачи се решија да излезат на патеката, освен Јуки Цунода, кој веќе имаше искористено два сета во Q1, и кој претпочиташе да ја чека својата шанса во гаражата.
Со уште десетина минути до крајот на сегментот, никој сè уште немаше забележано време. Се разбира, огромното мнозинство излезе со користени гуми.
Во меѓувреме, Карлос Саинц Јр., имаше три виолетови сектори и на крајот беше подобар од Џорџ Расел при првиот обид. Но, двата Мекларени беа недостижни. Хамилтон, Ферстапен, Хаџар, Окон, Алонсо и Цунода сè уште немаа време.
Патеката повторно покажа знаци на јасно подобрување, бидејќи времињата беа многу побрзи од оние што беа видени претходно. Сите возачи почнаа да ги подобруваат своите времиња.
Двата возачи на Мерцедес АМГ се приближија до двата Мекларени, и од цела секунда разликата дојде на само неколку десетинки. Јуки Цунода заврши на шестото место со своето последно време, возачите на папаја тимот, Расел, Антонели и Ферари беа напред.
Следуваше изненадување од Алпин. Пјер Гасли го забележа третото најбрзо време. Карлос Саинц Јр. успеа да влезе во Q3, а тоа го направи тоа со седмото место, поделувајќи ги двајцата возачи на Ферари.
Сесијата беше многу комплицирана за двата возачи на Ред Бул. Да, и двајцата се пласираа во Q3, но едвај. Дуан беше првиот кој беше елиминиран, но само неколку илјадити делови од секундата зад Цунода. Ферстапен, пак, го имаше деветтото најбрзо време, половина секунда зад Пјастри.
Дуан, Хаџар, Алонсо, Хулкенберг и Окон беа петте возачи за кои квалификациите беа завршени.
Возачите на Мекларен имаа по два нови комплети гуми за финалната Q3 сесија. И Норис и Пјастри решија да чекаат во својата гаражата и да излезат подоцна на патеката. Тие веруваа во супериорноста на MCL39, што веќе беше докажана во текот на целиот викенд и не брзаа особено.
Во меѓувреме, во првиот обид, кој немаше да биде од голема корист априори, возачите на Ред Бул излегоа на патеката со користен сет на црвени пневматици. Времињата беа побавни од оние во Q2, така што се беше препуштено на последниот брз круг.
Џорџ Расел извозе импресивен круг со кој ги подели двајцата возачи на Мекларен. Норис не можеше да го победи времето на Британецот, а Леклер исто така беше доста блиску во овие првични моменти на последниот сегмент.
Остана се да се решава во последните брзи круга, но реалноста е дека возачите на Мекларен не беа толку оддалечени како што можеше да се очекува.
На само неколку минути до крајот на сесијата, започна немилосрдна битка за Пол позицијата.
Јуки Цунода прв го започна кругот, следени од Антонели и Расел. Финишот беше неверојатен, како што често се случува на досегашните квалификации. На оваа трка, многу неочекуван исход!
Двата болиди на Мерцедес АМГ изненадија сите со преземањето на водството, обојувајќи ги сите сектори во виолетова боја. Но, тие први го завршија последниот брз круг, а допрва требаше да пристигнат папаја болидите.
Оскар Пјастри беше на ниво на својата задача и ја обезбеди Пол позицијата, при тоа декласирајќи го својот тимски колега. Ландо Норис, кој погреши и загуби многу време во првиот сектор, исчезна во Q3. Тој ќе стартува од шестата позиција.
Макс Верстапен, кој се мачеше во текот на целиот викенд стигна до П7 и ќе стартува покрај препородениот Карлос Саинц Јр. на П8.
За одбележување е времето на Луис Хамилтон. Британецот заврши шест десетинки зад својот тимски колега, кој ќе стартува трет, т.е. втор на првиот стартен ред по казната за Џорџ Расел.
Беше подобар само од Јуки Цунода со вториот болид на Ред Бул, кој го комплетираше поредокот на најбрзите 10 возачи.