Третиот тренинг во Бахреин е речиси бескорисен. Премногу е топло во текот на денот за да има некакви подготовки за квалификациите и трката, која ќе се вози навечер во различни услови и со различни поставки.
Возачите не брзаа да ги напуштат своите гаражи. Во првите десет минути во акција беа само возачите на Хас и Луис Хамилтон, а постепено им се придружија и останатите.
Патеката веќе е покриена со слој од искористена гума, но сè уште немаше доволно грип. Црвените гуми работеа најдобро, но тие издржуваа само на кратко растојание и бараат внимателно менаџирање.
Ветерот беше голема пречка, особено на свиокот 11, каде имавме многу излетувања, но без никакви последици по болидите.
На средината од сесијата болидот на Хулкенберг застана на патеката. На излезот од четвртиот свиок, системот за заштита на моторот од Ферари ПЕ беше активиран, и Нико не можеше да продолжи да вози.
Чарлс Леклер го загуби левиот ретровизор на патеката, кој мораше да биде заменет на болидот на Ферари. Џорџ Расел имаше најголеми проблеми со 10-от свиок, поеќе пати се изврте, кажувајќи му на својот инженер дека не може да се сети кога Ф1 болидот имал толку слаб грип.
Единствено возачите на Мекларен изгледаа незасегнати од топлото време и проблемите со грипот. Оскар Пјастри го имаше најбрзото време, шест десетинки побрзо од тимскиот колега Ландо Норис на второто место.
Останатите не може да конкурираат за првото место. Да видиме каков ќе биде односот на силите во квалификациите кога ќе се зголемат брзините. Мекларен никогаш претходно немал Пол позиција, нити Победа во Бахреин.
Акцијата продолжува со КВАЛИФИКАЦИИТЕ кои се закажани за 18:00 часот по Македонско време!
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМОТ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЛИНКОТ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
ПЈАСТРИ ПРЕД НОРИС, ХАЏАР ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕ
4/12/2025 01:55:00 PM
0
Share to other apps




