Пирели ги објави смешите од кои ќе бидат произведени пневматиците за Големите Награди на Мајами и Емилија Ромања.
Во 2025 година, палетата на Пирели се прошири од пет на шест смеши. Воведена е најмека C6 смеша како дополнување на постојните C1, C2, C3, C4 и C5. C6 ќе го има своето деби на патеката Имола.
Денеска, Пирели ги информираше тимовите за избор на смеши за шестата и седмата трка од сезоната, кои ќе се возат во Мајами од 2 до 4 мај и во Имола од 16 до 18 мај.
Најзначајната промена за двата настани е тоа што изборот на Пирели е еден чекор помеки смеши во однос на минатата година.
За првата од трите трки што ќе се одржат во САД, изборот е C3 како бели, C4 како жолти и C5 како црвени, истиот избор како во Мелбурн и Џеда.
На првата трка што оваа сезона ќе се одржи во Европа, ќе дебитира новата C6 смеша, најмеката во најновата 2025 палета на Пирели. Од C6 ќе бидат произведени црвените пневматици, од C5 жолтите и од C4 белите на трката во Имола.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
ПИРЕЛИ: ДЕБИ НА НАЈМЕКАТА СМЕША ВО ИМОЛА
4/09/2025 08:47:00 PM
0
Tags
Share to other apps



