Оскар Пјастри и Ландо Норис продолжуваат да доминираат. Втората тренинг сесија покажа дека Мекларен има предност од најмалку две десетинки во однос на сите останати. Пјер Гасли беше изненадување на оваа сесија, забележувајќи го третото најбрзо време.
Откако првата тренинг сесија ја посвети на работа со нови производи, на втората тимовите работеа на најдобрите поставки на болидите за неделната трка, како и проценка на абењето на пирели гумите.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
САБОТНИТЕ СТРИМОВИ ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Почетокот на сесијата беше посетен на кратки серии кругови на жолтите гуми, а потоа возачите постепено се префрлија на црвените, кои по прв пат оваа сезона се произведени од C6 смешата, најмеката во понудата на Пирели. Во последната третина возачите се вратија на жолтите гуми за проценка на тркачкото темпо.
Заубер го поправи болидот на Бортолето, кој беше оштетен на крајот од првата тренинг сесија, и тој беше во можност целосно да ја комплетира втората петочна сесија.
Тркачката линија беше покриена со повеќе гума, па болидите имаа помалку пролизгување, а со тоа и возачките грешки се намалија, но повеќето возачи имаа проблеми со сообраќајот.
Алонсо беше попречен од бавниот болид на Колапинто, но се до квалификациите стјуардите се решија да не доделуваат казни и засега овие инциденти ги оценуваат како тркачки.
Осум минути пред крајот на сесијата, Исак Хаџар изгуби контрола врз болидот на Рејсинг Булс, удри во заштитните бариери, но беше во можност да се обиде да се врати на патеката.
Сепак, кога дојде време да го направи завршниот потег, тој остана заглавен во чакалот покрај патеката. Сесијата мораше да биде прекината за да биде отстранет неговиот болид.
Две минути пред крајот на сесијата, возачите можеа повторно да излезат на патеката, но имаа време само да ги испробаат постапките за старт.
Двата Мекларена повторно на врвот. Тоа е тонот на викендот, и на сезоната досега.
Оној кој изгледаше дека има најмногу проблеми, од водечките тимови, беше Луис Хамилтон и Ферари.
И покрај тоа што Леклер успеа да се протне барем до шестото место, викенд не започна добро за тимот од Маранело, а седумкратниот шампион заврши на единаесеттото место.
ПЈАСТРИ НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
5/16/2025 03:32:00 PM
0
Share to other apps




