Чарлс Леклер беше најбрз на сите три тренинг сесии во Монако и несомнено ќе биде главен претендент за Пол позицијата.
Саботниот тренинг завршија со него на врвот на табелата, а Луис Хамилтон заврши во заштитните бариери.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
На некои патеки саботната тренинг сесија не е многу важна, но во Монако е клучна. Сите што не успеаја да ги пронајдат оптималните поставки претходниот ден, сите возачи кои не се чувствуваа самоуверено, на едночасовната тренинг сесија во сабота се обидоа да се подобрат за да го искористат максимумот на својот болид во квалификациите, клучната сесија од викендот.
Возачите на најбрзите тимови ги пропуштија првите 15 минути од сесијата. Први во акцина беа возачите кои не очекуваат пласман во Q3 сесијата и можеа да користат повеќе сетови гуми за време на тренингот.
Хулкенберг го имаше најдобро време меѓу аутсајдерите на почетокот од сесијата, а потоа се придружија и водечките. Возачите работеа со црвени и жолти гуми, но дури и на најмеката смеша на Пирели, повеќето возачи се жалеа на недостатокот на грип, оставајќи резерва пред заштитните бариери, за да не ризикуваат несреќа пред квалификациите.
Сообраќајот беше вистинска непријатност, но, такви се карактеристиките на патеката. Хулкенберг беше првиот што ги извади жолтите знамиња кога го промаши последниот свиок, но контактот со бариерата беше избегнат и Нико продолжи понатаму.
Хаџар речиси се удри во болидот на Цунода, кој забави во тунелот. Жолтите гуми, C5, беа речиси исто толку брзи како и црвените, C6, но беа многу постабилни.
Минатата година сите ја користеа C5 смешата во квалификациите, а на средина од денешниот тренинг, Ферстапен на нив го имаше најбрзото време со 1:11.233.
На крајот од сесијата, возачите возеа кратка серија кругови на црвените гуми, но сообраќајот им попречи на многумина да завршат чист круг.
Три минути пред крајот на сесијата, црвените знамиња беа развеани откако Луис Хамилтон удри во заштитните бариери покрај третиот свиок. Амортизацијата беше скршена, возачот не беше повреден, а болидот беше одвлечен. Сесијата заврши под црвени знамиња.
ЛЕКЛЕР ТРИ ОД ТРИ, ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
5/24/2025 11:04:00 AM
0
Share to other apps