Ландо Норис го победи Леклер за една десетинка, а исто така и Оскар Пјастри за 175 илјадити, додека Луис Хамилтон заостануваше четири десетинки, а Макс Ферстапен, изненадувачки, седум десетинки!
Возачите на Мерцедес АМГ испаднаа во Q2 сесијата поради судирот на Кими Антонели со заштитните бариери и дефектот со електриката во болидот на Џорџ Расел.
Како и секогаш во Монте Карло гледавме многу интересни квалификации. Q1 и Q2 беа одлучени со разлика од илјадити делови, а Q3 се чинеше дека оди во иста насока, но, Ландо Норис се одвои малку повеќе во последниот брз круг и беше единствениот возач што успеа да забележи време под 1:10.000.
Понатаму, Исак Хаџар беше најдобриот од останатите на шестото место, за само 0.001 дел од секундата пред Фернандо Алонсо кој го донесе својот Астон Мартин до седмата позиција.
Спектакуларен пласман за Естебан Окон, кој блескаше со болидот на Хас, завршувајќи осми, пред Лиам Лосон и возачите на Вилијамс, Алекс Албон и Карлос Саинц Јр.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По три тренинг сесии во кои доминираше Чарлс Леклер, на ред беше најважната битка во квалификациите за Пол позицијата на Големата Награда на Монако. Се започна на целосно сув асфалт, и покрај заканата од дожд, загреан до 41 степен.
Алекс Албон ја отвори Q1 сесијата, по него следеа Карлос Саинц Јр., Берман и долг список на возачи. Првите неколку круга беа скромни, а некои возачи дури и комплетираа два подготвителни круга за да ги загреат гумите.
Први што забележаа време под 1:13 беа Лиам Лосон и Ленс Строл, а вториот привремено го освои првото место. Сепак, првото посериозно време беше 1:12.439 од Оскар Пјастри, со кое тој ја започна сесијата.
Чарлс Леклер, во својот четврти круг со црвените гуми, го подобри времето на 1:12:091, додека Макс Ферстапен, кратко потоа, беше првиот со време под 1:12 со 1:11.920.
Патеката се подобруваше, а времињата се подобруваа. На крајот, Чарлс Леклер постигна време од 1:11.229 и беше најбрз во сесијата, но, со само 56 илјадитинки предност пред Ландо Норис и 79 илјадитинки предност пред Оскар Пјастри.
Сесијата заврши со развеани црвени знамиња поради мал судир на Кими Антонели во заштитната бариера по излез од тунелот и влез во шиканата. Мал удар големи последици.
Младиот Италијанец заврши во заштитните бариери, па квалификациите за него беа завршени, но со забележано време за пласман во Q2.
Елиминирани возачи беа: Габриел Бортолето, Оливер Берман, Пјер Гасли, Ленс Строл и Франко Колапинто.
Q2 сесијата започна подоцна од планираното поради инцидентот на Антонели, а асфалтот беше на температура од 39 степени.
Немаше време за губење во оваа сесија, па многу возачи се собраа на излезот од пит-линијата. Меѓу нив, различни стратегии: некои користеа црвени гуми, а други жолти, како Ферари, Вилијамс и Џорџ Расел.
Првото време на сесијата беше 1:22.400 од Нико Хулкенберг, кое очигледно немаше долго да опстане на табелата. Фернандо Алонсо беше следниот што ја мина целната линија и го заврши својот прв брз круг со време од 1:11.816, но Чарлс Леклер го стори тоа со 1:11.314.
Прв што имаше време под 1:11 за време на целиот викенд беше Ландо Норис, 1:10.959. Британецот го стори тоа непосредно пред новото развејување на црвените знамиња предизвикано од Џорџ Расел, кој мораше да го застане својот Мерцедес АМГ на најлошто можно место, во тунелот, поради проблеми со електриката во неговиот болид. Тежок ден за Мерцедес АМГ.
По рестартот, повторно имаше разновидност на гуми: Вилијамс и Фернандо Алонсо беа на жолти гуми, додека останатите на црвените.
Чарлс Леклер брзо се врати на првото место со импресивно време од 1:10.581, но Ландо Норис одговори со 1:10.570.
Ландо на крајот беше најбрз во сесијата, со разлика од 11 илјадитинки пред Леклер и една десетинка пред Алекс Албон, кој постави одлично време во тие моменти.
Карлос Саинц Јр. не успеа да забележи време за пласман во следниот сегмент од квалификациите, завршувајќи единаесетти, пред Јуки Цунода, Нико Хулкенберг и возачите на Мерцедес АМГ.
Во Q3 сесијата каде се дефинира стартниот редослед на најбрзите 10 возачи, започна со температура на асфалтот од 40 степени.
Естебан Окон и Алекс Албон излегоа на жолтите, останатите на црвените гуми, од кои Хамилтон, Хаџар, Алонсо и Лосон беа на употребен сет на најмеката смеша.
Во својот прв обид, Ландо Норис комплетираше круг со време од 1:10.464 и беше најбрз, а по него следеа Оскар Пјастри со 0.067, Чарлс Леклер со една десетинка и Макс Ферстапен со две десетинки заостанување.
Луис Хамилтон се најде на петтото место, пред Алекс Албон, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Лиам Лосон и Исак Хаџар.
Во втората сесија на брзи кругови Ландо Норис остана сконцентриран и овој оат беше на висина на задачата со најмоќниот болид под себе и беше првиот и единствен возач кој извлече импресивно време од 1:09.954 за да ја освои Пол позицијата.
Леклер и Пјастри завршија нешто повеќе од една десетинка зад него на втората и трета позиција, соодветно, додека Хамилтон заврши четврти, а Ферстапен петти, со седум десетинки зад најдоброто време!
Фернандо Алонсо се приближи до П6, но беше една илјадитинка побавен зад Хаџар. Естебан Окон, Лиам Лосон и Алекс Албон ги комплетираа топ 10 поредокот.
НОРИС ГО ПОБЕДИ ЛЕКЛЕР НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
5/24/2025 02:14:00 PM
0
Share to other apps