Мекларен уште еднаш ја посрамоти целата конкуренција на третиот тренинг за Големата Награда на Шпанија со убедлив еден-два финиш.
Оскар Пјастри беше најбрзиот возач, со половина секунда пред тимскиот колега, Ландо Норис, а Чарлс Леклер, најблискиот ривал, заостануваше седум десетинки.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
СТРИМ
ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ
ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Каталуња е патека што сите тимови ја познаваат многу добро, а тоа ја направи третата тренинг сесија, особено почетокот, многу мирен и без многу акција.
Возачите не брзаа да излезат на патеката, а кога го сторија тоа, повеќето се одлучија да возат на жолтите гуми. Двата возачи на Мерцедес АМГ, Вилијамс, Хас и Чарлс Леклер беа исклучок од правилото и за старт на сесијата ги избраа црвените гуми.
Видовме значителна разлика во перформанси помеѓу двете смеши, што му овозможи на Џорџ Расел да го преземе водството со време од 1:13.396.
Врвот на саботниот тренинг, како и обично, се случуваше во последната третина од сесијата, кога сите возачи излегоа на патеката со нов сет црвени гуми за квалификациски симулации.
Ландо Норис имаше безопасно изетување во 9-от свиок при својот брз круг на новиот сет на црвени гуми, за разлиика од Пјастри чиј Мекларен се движеше совршено низ ците свиоци.
Австралијанецот ги обои сите три сектори во виолетова боја, и беше половина секунда пред својот тимски колега, чиј болид мораше да се подигне, бидејќи излетувањето беше како последица на премногу потскокнување. Ландо Норис, вториот брз круг го направи на веќе користен сет црвени пневматици.
Леклер и Расел заостанаа седум десетинки, додека Ферстапен со речиси една секунда заостанување беше на петтото место.
Во средната на поредокот, Исак Хаџар беше најбрз со болидот на Рејсинг Булс кој се стреми кон Q3 и е на пат да направи интересни работи со оглед на слабите перформанси на Вилијамс на оваа патека.
Андреа Кими Антонели го подобри својот настап со седмото место, додека Хамилтон продолжува да се мачи. Британецот беше четири десетинки зад Леклер на црвените гуми и се уште не се чувствува удобно во болидот на Ферари.
Фернандо Алонсо најави потенцијален Q3 пласман за Астон Мартин со осмото најбрзо време во оваа сесија. Топ 10 поредокот го комплетираше Лиам Лосон, кој почнува да се враќа во форма по неуспешниот настап во болидот на Ред Бул.
МЕКЛАРЕН НЕПОБЕДЛИВ НА КАТАЛУЊА?!?
5/31/2025 11:58:00 AM
0
Share to other apps