Оскар Пјастри беше најбрзиот возач на втората тренинг сесија на патеката Каталуња, каде што успеа да го пронајде идеалниот круг со црвените гуми.
Австралијанецот го победи Џорџ Расел за речиси три десетинки од секундата и заврши на врвот на табелата, додека Британецот беше еден од оние кои го најдоа вистинскиот работен опсег со тие гуми, победувајќи ги и Макс Ферстапен и Мекларенот на Норис за 24 илјадити делови од секундата.
Половина секунда зад времето на Пјастри беше Чарлс Леклер, кој изгуби малку време во својот најдобар круг и успеа да заврши само петти. Зад него беше Андреа Кими Антонели на шестото место, а Алонсо, со навистина добро време, беше најдобар во средниот ред на вториот тренинг, давајќи и одредена надеж на домашната публика до крајот на викендот.
Алонсо, со седмо најбрзо време, ги победи Пјер Гасли и двајцата возачи на Рејсинг Булс. Сите завршија пред Луис Хамилтон, кој воопшто не се чувствуваше удобно во болидот на Ферари, овој пат на патека која му одговара навистина добро.
При долгите стинтови, во последните 25 минути, видовме и голема разновидност на гуми. Тимови со различни планови за трката, каде што стратегијата воопшто не е јасна помеѓу едно или две застанувања.
Високите температури ќе имаат значително влијание на патеката каде што сите три смеши историски добро се покажале на трките.
Саботниот тренинг ќе треба да ги разјасни сите непознати за тимовите, како би ја одбрале победничката стратегија за неделната трка. Сепак, не се за отфрлање и поставките за квалификацискиот круг, бидејќи според статистиката возачите што стартувале од првиот ред, најчесто и ја добивале трката.ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
СТРИМ ОД САБОТНАТА АКЦИЈА, Т3 ВО 12:30 И КВАЛИФИКАЦИИ 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
ПЈАСТРИ СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
5/30/2025 03:39:00 PM
0
Share to other apps