Макс Ферстапен прв ја помина целната линија на Големата Награда на Емилија Ромања, негова втора победа во сезоната, четврта по ред во Имола и 65-та победа во кариерата.
Ландо Норис заврши втор, а Оскар Пјастри го освои третото место на подиумот. Луис Хамилтон заврши четврти, напредувајќи осум места во текот на трката, со што го постигна својот најдобар резултат во сезоната.
Ф1 календарот ќе продолжи со трката за Големата Награда на Монако, веќе следниот викенд.
Стартот на Макс Ферстапен беше импресивен. Како и обично, четирикратниот шампион немилосрдно го напаѓаше Оскар Пјастри. Австралијанецот не ја отвори "вратата", но и не застана во цврста одбрана на првото место.
Претекнувањето беше чисто, овој пат немаше контроверзии, и Макс почна брзо да се оддалечува и го зголемува водството. До третиот круг тој веќе беше надвор од ДРС-от на Пјастри, покажувајќи дека има брзина, особено на чиста патека.
Карлос Саинц Јр. не можеше да го престигне Фернандо Алонсо, закачен на ДРС-от зад Ландо Норис. Всушност, тој ДРС воз имаше многу вагони: Алонсо, Саинц Јр., Албон, Строл и Леклер. Од петто до десетто место.
Фернандо ја изгуби помошта од Мекларенот кога Норис почна навистина да притиска, околу осмиот круг. Британецот беше четири десетинки од секундата зад Расел, кој беше повеќе од една секунда зад Пјастри и без ДРС помош.
Ландо се снајде многу добро, успевајќи да престигне од надворешната страна во единаесеттиот круг. Но, само неколку кругови подоцна, започнаа првите влегувања во бокс за промена на жолтите пневматици. Многу порано од очекуваното.
Џорџ Расел влезе во бокс по бели гуми. Карлос Саинц Јр. го направи истото, Фернандо Алонсо застана веднаш во следниот круг, па стратегијата со две застанувања беше најлогичната опција.
Возачот на Вилијамс го престигна Астон Мартинот, но двајцата ја загубија позицијата од Чарлс Леклер, кој претходно влезе во боксот. "Undercut" опцијата му помогна на Моначанецот.
Оскар Пјастри застана во 14-тиот круг, но пит-стопот не беше најдобар. Идејата беше да се употреби истата опција како Чарлс Леклер и да се претекне Ферстапен, кој сè уште водеше, но Холанѓанецот и Ред Бул не одговорија на оваа закана.
Вистински потег, бидејќи сите што влегоа прерано за промена на гуми паднаа на табелата, а жолтите гуми по првичниот грејнинг започнаа да работата во посакуваниот режим на перфоманси.
Мекларенот не беше на чиста патека, туку напротив, мораше да престигне неколку болиди, што го чинеше многу во однос на водечкиот Ред Бул. Во 20-от круг, Макс имаше околу 33 секунди предност. Разликата му ветуваше сигурен пит-стоп, кој овде чини околу 28 секунди.
Темпото на Саинц Јр. беше особено впечатливо, а по престигнувањето на Фернандо Алонсо низ боксевите, тој се оддалечи од својот сонародник и успеа да влезе во ДРС зоната зад Џорџ Расел. Белите гуми работеа добро на Вилијамсот.
Напред Макс имаше околу 9 секунди предност пред Ландо Норис и можеше да си доволи луксуз да чека потег на противникот, бидејќи Оскар Пјастри се уште беше во разлика над 30 секунди и многу сообраќај пред себе.
Ландо Норис се упати во бокс по замена на гуми, а во моментите кога излегуваше надвор на патеката, болидот на Естебан Окон откажа и Французинот мораше да го паркира покрај патеката.
Тоа доведе до воведување на режим на виртуелно безбедносно возило. Сите што не беа во бокс, вклучувајќи ги Ферстапен, Албон, Хаџар, Антонели и Хамилтон. Карлос Чарлс Леклер, Саинц Јр. и Пјастри се одлучија за второ менување на гуми, осигурувајќи се дека ќе имаат понови гуми за крајот на трката.
Фернандо Алонсо одлучи да остане на патеката. Редоследот на патеката во овие моменти беше Ферстапен, Норис, Албон, Пјастри, Хаџар, Антонели, Хамилтон, двајцата возачи на Астон Мартин и Чарлс Леклер на десетто место.
Вистинска катастрофа за двата Мекларена. Британецот заостануваше 19 секунди зад Макс и се одеше кон лесна победа за возачот на Ред Бул. Холанѓанецот имаше среќа со ВБВ и со само едно престигнување, она на Пјастри во првиот свиок, иташе кон нова Победа.
Среќата му се насмевна и на Алекс Албон, кој во тие моменти возеше на третото место. Хамилтон, благодарение на виртуелното безбедносно возило, беше на петтото место во 38-от круг. Британецот во Ферари беше на жолтите, побрзи, гуми на Пирели.
Чарлс Леклер со вториот сет на бели гуми успеа да се пробие до седмото место. Ферари вчера изгледаше неверојатно бавен, но на денешната трка покажа дека имаат потенцијал за повеќе.
Но, следува ресет на трката. Андреа Кими Антонели во 47-от круг, мораше да го паркира својот Мерцедес АМГ покрај патеката, при што беше воведено безбедносното возило.
Ферстапен се упати во бокс по нови гуми, исто како и Норис и Хамилтон. Ова го стави Пјастри пред Норис, со Холанѓанецот како лидер, но сега без никаква предност.
Трката беше рестартирана во 53-от круг. Макс имаше нов сет, Пјастри беше со 22 круга стари, а Ландо Норис на трето место монтираше нов сет од белите пневматици. Остануваа десет круга до крајот.
Макс имаше лесна задача да го задржи првото место, Леклер се обиде да го претекне Ландо за пласман на подиумот, но не можеше. Напротив, тој се најде под напад од Алекс Албон кој имаше нови бели гуми.
Возачот на Вилијамс не се снајде најдобро, па наместо претекнување на Моначанецот, дојде до инцидент по кој се најде надвор од патеката поминувајќи низ чакалот, по што не само што го загуби потенцијалното 4-то место, туку и 5-тото од Луис Хамилтон.
Подоцна, Леклер, кој беше лесно претекнат од Луис, беше советуван преку тимското радио да ја врати позицијата на Албон, плашејќи се од казна, а стјуардите само што беа подготвени да објават дека нивниот инцидент беше чисто тркачки!
Сепак, Ферари го спаси денот пред тифозите со четвртото место на Хамилтон, на кого се му одеше во прилог, и шестото место со Леклер, кој беше фрустриран од својата среќа.
Напред, Макс Ферстапен ја зголемуваше предноста пред Оскар Пјастри. Австралијанецот чии гуми беа многу постари беше под притисок од својот тимски колега.
Ландо Норис со голема разлика во староста на пневматиците успеа да го реши својот тимски колега за второто место на победничкиот подиум и со тоа да намали 3 поени од водството на Австралијанецот во генералниот пласман на возачи.
ФРАНЦ ХЕРМАН НЕМИЛОСРДЕН ВО ИМОЛА, МЕКЛАРЕН НЕМОЌЕН ДА ПАРИРА
5/18/2025 02:37:00 PM
0
Share to other apps