Враќањето на Мекларен на врвот на Формула 1 со освојување на титулата кај конструкторите во 2024 година и "газењето" на конкуренцијата во тековните шампионати, многумина ги натера да се потсетат на златното доба на тимот од Вокинг во периодот помеѓу средината на 1980-тите и крајот на 1990-тите.
Во тоа време, тимски шеф и сопственик на тимот беше Рон Денис, легендарен менаџер кој испиша историја во Формула 1. Помеѓу 1981 и 2009 година, тој беше шеф на тимот, водејќи го Мекларен до освојување на вкупно 7 титули кај конструкторите и 9 кај возачите.
Сега, на 77 години, тој ужива во пензионерските денови со семејството, своите деца и внуци. Но, тој не го заборава својот стар свет, дури и ако со години не се појавил во падокот. Сепак, од удобноста на својот дом, никогаш не пропушта да гледа пренос од трките.
"Секогаш го исклучувам звукот. Премногу ја познавам Ф1 и не сакам да ги слушам глупостите на некои коментатори . Ја гледам чистотата на трката. Го сакам спортот, сè уште сакам да ги гледам трките."
"Никогаш нема да се вратам во Ф1 падокот. Моите деца и внуци ме малтретираат да одам. Но, јас организирам сè за нив, но не одам. Гледам некои луѓе се враќаат во Формула 1 откако ја напуштија."
"Но, факт е дека вашето мислење е застарено, дури и ако сте повеќекратен светски шампион. Луѓето се учтиви, прават сè што би очекувале од нив. Ве седнуваат, ви нудат кафе, но немате што да им понудите."
"Вие сте стара личност и никогаш не би сакал да бидам во таа позиција. Имам подобри работи да правам. Ја сакам мојата градина, дури и ако не поминувам многу време работејќи на неа, но сум страствен за неа, како што сум страствен за многу други работи во мојот живот."
РОН ДЕНИС СО СОВЕТ КАКО СЕ ГЛЕДА Ф1 ПРЕНОС
6/05/2025 12:29:00 PM
0
Tags
Share to other apps