Формула 1 и ФИА го објавија календарот за следната 2026 сезона, во која ќе има нова патека, нови тимови и премин кон нова генерација болиди.
Календарот е одобрен од Светскиот совет за мотоспорт на ФИА. Сезоната ќе започне во Австралија на 8 март, ќе се состои од 24 трки, а ќе заврши во Абу Даби на 6 декември.
При составувањето на календарот беше земена предвид географската локација на патеките, вклучително и поместување на трката во Канада, која во 2026 година ќе се одржи во мај, веднаш по трката во Мајами.
Според тоа, следната сезона европскиот дел нема да биде прекинуван, ќе започне во Монако и ќе заврши со новата патека во Мадрид, која ќе дебитира на 13 септември. Оваа трка е означена со ѕвездичка во календарот, бидејќи патеката е во фаза на изградба и потоа треба да биде хомологирана од ФИА.
Потоа шампионатот ќе се врати на азиските патеки, каде што домаќини ќе бидат Азербејџан и Сингапур, по што ќе следат серија трки на американскиот континент. Сезоната ќе заврши со две трки на Блискиот Исток, во Катар и Абу Даби.
АЖУРИРАНО 30.06.2025: Прес-службата на Формула 1 објави ревидирана верзија на календарот за 2026 сезоната, дополнет со распоред на зимските тест сесии.
Одобрени се три тест сесии: од 26 до 30 јануари во Барселона, од 11 до 13 и од 18 до 20 февруари во Бахреин.
Првата тест сесија ќе биде од затворен тип и може да нема информации за јавноста и медиумите по дискреционо право на тимовите.
Календарот се разликува од претходно објавената верзија одобрена од Светскиот совет на ФИА само за еден датум.
На барање на организаторите на Големата награда на Азербејџан, Формула 1 и ФИА се согласија да го поместат настанот од недела, 27 септември, во сабота, 26 септември, за да се совпадне со националниот празник.
Сите тимови се информирани за одлуката, при што секој ден од настанот се поместува за еден ден понапред.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1: "2026 година ќе го означи почетокот на нова ера за Формула 1, кога ќе видиме воведување на нов сет регулативи за нашиот спорт, нови болиди и мотори што ќе работат на биоразградливи горива."
"Со задоволство ја поздравуваме мадридската трка во календарот и доаѓањето на познати автомобилски брендови како што се Ауди, Кадилак и Форд во Формула 1."
Мохамед бин Сулајем, претседател на ФИА: "Следната година Ф1 шампионато ќе влезе во ново и важно поглавје за историјата на Формула 1. Нова трка, нови тимови, доаѓањето на нови производители, сето ова го најавува почетокот на нова ера на иновации и спортско натпреварување."
"Сезоната ќе се состои од 24 трки на пет континенти, што ја одразува глобалната природа на нашата заедница, додека календарот ги зема во предвид географските локации на патеките, за да се направи логистички и еколошки поефикасен шамионат."
СИТЕ ДЕТАЛИ: ОБЈАВЕН 2026 Ф1 КАЛЕНДАРОТ
6/10/2025 12:08:00 PM
0
Share to other apps




