Минатиов викенд, Карлос Саинц Јр. и тимот на Вилијамс приредија промотивно возење на FW45 низ улиците на Мадрид кои ќе бидат дел од идната патека за Големата Награда на Шпанија.
Над 80.000 луѓе се собраа покрај патеката за да го прослават враќањето на Карлос на неговите родни улици во Мадрид, додека градот се подготвува за враќањето на Формула 1 во главниот град, за прв пат од 1981 година.
Карлос Саинц Јр.: "За мене ова е исполнување на еден сон, да го возам FW45 низ улиците на кои пораснав. Никогаш нема да го заборавам возењето на овој болид пред толпа од 80.000 луѓе. Беше супер емотивен ден, но ова е само дел од она што ќе дојде во 2026 година. Следната година ќе биде огромна за Мадрид бидејќи ќе стане дел од Ф1 и едвај чекам!"
ВОЗБУДАТА НА Ф1 СЕ ПОБЛИСКУ ДО МАДРИД
6/10/2025 12:42:00 PM
0
Share to other apps