Макс Ферстапен беше најбрзиот возач на првиот тренинг за Големата Награда на Канада, додека главните фаворити за победата, тимот на Мекларен, имаа многу проблеми со лизгавата патека во Монтреал.
Вилијамс ќе бидат на насловните страни во извештаите за првата тренинг сесија, со двајцата возачи во Топ 3 пласман. Алекс Албон беше втор, а Карлос Саинц Јр. трет во она што беше позитивна сесија за тимот од Гроув. Тие веруваат дека ова е една од најоптималните патеки за нивниот FW47.
Жил Вилнев е градска патека слична на таа во Австралија, каде што речиси и да нема возење во текот на целата година. Како резултат на тоа, возачите се соочуваат со многу валкана патека, а перформансите обично се зголемуваат како што изминува викендот.
На почетокот на сесијата условите за возење се најлоши, а тоа влијаеше и на изборот на гуми, при што речиси сите ги користеа најмеките црвени гуми, кои нудат најголем грип. Исклучок беа возачите на Заубер и Рејсинг Булс.
По првите 15 минути Чарлс Леклер поведе со 1:13.885 на црвените гуми. На крај, тоа остана како најдоброто време на Моначанецот, кој имаше прилично голем инцидент на влез во третиот свиок.
Тој ги блокираше предните тркала, по што изгуби контрола на влез во третиот свиок, по што следуваше силен удар во заштитните бариери, кој сериозно го оштети неговиот SF-25, но позитивно е што возачот беше добро.
Кога акцијата се врати на патеката имаше повеќе излетувања, возачите го бараа лимитот на своите болиди, но нити едно не беше ни близу како Чарлс Леклер. Болидите не беа лесни за возење, па дури ни Мекларенот, па Ландо Норис имаше неколку излетувања.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 2, 23:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Макс беше првиот возач кој го подобри времето на Чарлс Леклер, но само за 0.022 делови од секундата, додека Џорџ Расел тоа го направи за три и пол десетинки, но времињата продолжија да опаѓаат и Ферстапен повторно го презеде водството со 1:13.193, а двата возачи на Вилијамс беа изненадување на денот со помалку од една десетинка зад Макс.
Всушност, најбрзите времиња во сите три сектори на патеката му припаднаа на тимот од Гроув, кој се наоѓа на една од најоптималните патеки за нив во целата сезона.
Лоша сесија за Мекларен, со двата болида далеку од врвните позиции, нешто невообичаено оваа година. Но, се доби впечаток дека се во некоја сопствена тест програма, комплетно различна од сите останати.
Мерцедес АМГ беше солиден со Расел, завршувајќи четврти, а Хамилтон заврши петти откако беше единствениот болид на Ферари на патеката во последните 45 минути од сесијата.
Рејсинг Булс, еден од тимовите што најчесто се наоѓаат на првите позиции во петок, исто така ги имаше двата болида во топ 10, со Исак Хаџар шести и Лиам Лосон осми, разделени од Мекларенот на Норис.
Пјер Гасли и Чарлс Леклер ги комплетираа пласманот на најбрзите 10 возачи.
МАКС КОЛКУ ДА ЈА РАЗБИЕ МОНОТОНИЈАТА
6/13/2025 07:09:00 PM
0
Share to other apps