Џорџ Расел беше најбрзиот возач на втората тренинг сесија во Канада, поставувајќи го најбрзото време на жолти гуми. Британецот го победи Ландо Норис, кој возеше на црвените гуми, за 0.028 делови од секундата.
Механичарите на Ферари не беа во можност да го поправат оштетениот болид на Чарлс Леклер, по неговото излетување на првиот тренинг.
Сите три смеши на Пирели се појавија на почетокот од сесијата, иако само четворица возачи се одлучија за црвени, а двајца за белите пневматици. На најтврдта смеша беа возачите на Заубер, додека најмеката ја користеа Џорџ Расел, Макс Ферстапен, Алекс Албон и Фернандо Алонсо.
Ленс Строл, кој ја прескокна минатата трка, веќе во првиот мерен круг ја заврши оваа тренинг сесија. Канаѓанецот по контакт со заштитните бариери ја скрши предната лева амортизација.
На патеката имаше два болиди помалку, но повторно имаше проблеми со сообраќајот на патеката. Ќе биде проблем да се најде чиста патеката за брз квалификациски круг.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ 2, 18:30 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Квалификациските симулации започнаа во втората третина од сесијата, но битката не се одвиваше само на црвените гуми!
Секогаш кога од Пирели ќе ја номинираат C6 како најмека, изборот помеѓу неа и C5 смешата која на останатите патеки е најчесто најмека опција, е незгоден и нијанси може да одлучуваат.
Четирите возачи кои стартуваа со црвените, за квалификациски круг ги тестираа жолтите гуми, опција која се покажа можеби дури и подобра, а Расел го демонстрираше ова со подобрување на времето за речиси половина секунда.
Сепак, само неколку возачи успеаја да ги подобрат своите времиња на жолтите гуми, но разликата со црвените, се чинеше, имајќи го предвид времето на Расел, дека има мала разлика.
Мекларените се мачеа во поголемиот дел од сесијата, но со меките гуми ја пронајдоа таа идеална точка и двајцата возачи напредуваа на табелата. Норис беше 28 илјадитинки зад времето на Расел, додека Оскар Пјастри заостана четири десетинки на шестото место.
Кими Антонели ги изненади сите со другиот болид на Мерцедес АМГ, завршувајќи трет со црвени гуми, додека Албон заврши четврти, во неговиот случај со жолтите гуми.
Фернандо Алонсо заврши петти, додека зад Мекларенот на Пјастри се најде Карлос Саинц Јр. во вториот болид на Вилијамс.
Топ 7 поредокот беше за Мерцедес ПЕ, единствено недостасуваше Ленс Строл!
Луис Хамилтон со Ферари можеше само до 8-та позиција, но пред Ферстапен кој беше деветти, со време поставено на жолтите гуми, а Лиам Лосон го комплетираше најбрзите 10 возачи на петочните тренинг сесии во Монтреал.
Како и обично, последниот дел од сесијата беше посветен на тркачкото темпо. Видовме различни гуми и тест програми, а најчесто беа користени црвените и жолти пневматици.
ЏОРЏ РАСЕЛ НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ ВО КАНАДА
6/13/2025 10:52:00 PM
0
Share to other apps






