Трката во Канада ја прекинува европската низа тркачки викенди во која речиси секогаш се дознава кој е најголемиот фаворит на титулите во двата шампионати.
Дали оваа сезона тие ќе бидат заверени многу порано од Мекларен и нивните возачи или пак Ред Бул, Мерцедес АМГ и Ферари ќе пружат некој отпор.
Патеката Жил Вилнев беше позната по "ѕидот на шампионите", кој се уште постои, но беше поместен за метар подалеку, па така имаме помалку инциденти, за разлика од минатото, кога многу и од врвните возачи оставија "автограм" на него.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 20:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Формула 1 дојде во Канада во средината на 60-тите, четири години трката наизменично ги одржуваше на патеките Мон Тремблант и Моспорт, а потоа само во Моспорт, бидејќи другата беше прогласена за премногу опасна.
Во 1977 година, Француските Канаѓани, импресионирани од успехот на Жил Вилнев, ја изразија идејата за изградба на автодром во Квебек.
Градските власти пронајдоа два милиони долари, ги поврзаа патиштата на вештачкиот остров направен за олимписките игри во 1976 година и сè беше подготвено за Големата Награда на Канада во 1978 година.
Победник на инаугуративната трка беше Жил Вилнев, кој возеше Ферари 312Т3. Во 1982 година, откако Жил почина на квалификациите пред трката во Золдер , патеката го доби неговото име.
Историјата на канадската трка е полна со трагедии и триумфи. Овде речиси е невозможно да се погоди победникот, често на највисокото скалило на подиумот се искачува возач кој не атакува на шампионската титула, а лидерите во шампионатот немаат секогаш среќа.
Патеката е интересена мешавина на долги, брзи правци и бавни свиоци. Високите крајни брзини на правците и стоп/старт карактерот на истата придонесува таа да биде класифицирана како една од најтешки за сопирачките на болидите.
Површината на канадската патека отсекогаш беше нерамна, но со новиот асфалт тоа е донекаде анулирано, па возачите се чувствуваат многу подобро во "крутите" болиди од новата генерација.
Честите точки за сопирање доведуваат до високи температури на дисковите, а ефектот е дополнет со фактот дека правците, особено во првата половина на кругот, не дозволуваат доволно време за нивно ладење.
Италијанскиот производител и официјален снабдувач на Формула 1 со пневматици, традиционално ги номинира најмеките смеши во нивниот опсег. Оваа година не е исклучок, па на Ф1 тимовите им се понудени C4, како бели, C5 како жолти и C6 како црвени гуми.
Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми и многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последниот свиок каде се наоѓа на почетокот споменатиот "ѕид на шампионите".
Името го доби по трката во 1999 година, кога Дејмон Хил, Михаел Шумахер и Жак Вилнев удрија во ѕидот на излезот од последниот свиок. И да, покрај тоа што е поместен за еден метар, тој веќе не е ѕид во буквална смисла, туку ТекПро заштитна бариера.
По оваа трка на Жил Вилнев, не очекува серија од седум европски трки.
Патеката има многу висока веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, кој може да го промени во целост текот на трката. Ова е една од причините зошто флексибилната стратегија често дава добри резултати, но патеката нуди многу повеќе можности за престигнување.
Според актуелниот договор, патеката Жил Вилнев треба да биде домаќин на трки до 2029 година, но трки ќе се возат и во 2030 и 2031 година, како надополнување на двете години, кога настанот не се одржа поради пандемијата.
Џорџ Расел ја освои Пол позицијата во Канада втора година по ред, а исто како и во 2024 година, покрај него во првиот ред е Макс Ферстапен.
Минатата година, овие двајца поставија идентично време од 1:12.000, при што возачот на Мерцедес АМГ се најде на П1 благодарение на тоа што прв ја мина целната линија, но вчера 160 илјадити делови го делеа британецот, 1:10.899, од Холанѓанецот, 1:11.059.
Ова беше шеста Пол позиција во кариерата на Расел, прва оваа година, додека за Мерцедес АМГ тоа беше број 142, шеста на Големата Награда на Канада.
Според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за Големата Награда на Канада, која се состои од 70 круга ќе биде со две застанувања во бокс.
Теоретски, најбрзиот начин е да се стартува на жолтите гуми, за потоа да се премине на два стинта со бели гуми, или пак жолти-бели-жолти.
За оние кои почнуваат подолу на гридот, може да има аргумент за стартување со црвените гуми и пократок прв стинт, надевајќи се дека ќе го искористат максимумот од излегување на безбедносното возило.
Алтернатива за трка со еден пит-стоп е старт на жолтите и финиш на белите пневматици.
Ова е патека каде што можете да претекнете, иако тоа не е така лесно остварливо, но изгубената позиција на патеката може да се надомести.
Марио Изола, Пирели: "Исклучително возбудлива квалификациска сесија, што е нормална работа за оваа сезона од Формула 1 шампионатот. Со 27 секунди до крајот на Q3, имаше четири промени на носителот на Пол-позицијата!"
"Многу е ретко да се види возач да постави време за пол на жолтите гуми на сува сесија, последното време датира од Големата Награда на Португалија во 2020 година, благодарение на Луис Хамилтон, но денес имавме четири возачи кои ги поставија своите најдобри времиња на жолтите гуми, и навистина, ова сценарио стануваше сè поверојатно како што одминуваше викендот."
"Тоа објаснува зошто, на саботниот тренинг, многу возачи работеа исклучиво со црвените гуми, или за да разберат како да извлечат максимум од нив или навистина да зачуваат нов сет на жолтите гуми за квалификациите."
"Откако за прв пат се појави во Имола, видовме дека разликата во перформансите помеѓу C6 и C5 е доста мала, да речеме, десетинка до десетинка и пол, и дека C6 испорачува врвни перформанси во потесен оперативен прозорец."
"Тука во Монтреал, неколку возачи претпочитаа да се потпрат на C5 смешата што ја познаваат добро, наместо да се осмелат да ги бркаат дополнителните перформанси што C6 може да ги понуди, чувствувајќи се поудобно со сет на гуми кој им дава поголема самодоверба кога станува збор за справување со тешка патека како оваа со нејзините рабници и ѕидови."
"Резултатот беше што четворица возачи својот најбрз круг во Q3 ги имаа на жолти пневматици. Проширувањето на понудените смеши за 2025 година, исто така, има индиректен ефект на обезбедување поголем избор на пристапи од тимовите и возачите во однос на употребата на гуми во текот на викендот, а тоа ќе се одрази и на трката."
"Што се однесува до стратегијата, сметаме дека две застанувања се сè уште најверодостојна опција, фаворизирајќи ја употребата на жолти и бели гуми. Еден пит-стоп е теоретски можно, но веројатно нема да се исплати, особено бидејќи тука е можно претекнување."
"C6, црвените гуми, би можеле да бидат корисен избор за стартот, на пример за возачите со два нови сета бели гуми на располагање, кои планираат релативно краток прв стинт или за секој што се надева на рано појавување од Безбедносното возило."
Во петокот и саботата возачите работеа на сув асфалт, а за време на трката е највено слично време.
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 14:00 часот по локално време, до кога воздухот ќе се загрее до +26 степени, а веројатноста за врнежи е 0%.
Откако ги разгледаа околностите на инцидентот што се случи на третата тренинг сесија, кога Јуки Цунода го престигна оштетениот болид на Оскар Пјастри под црвени знамиња, стјуардите утврдија дека јапонецот е виновен и му ја изрекоа традиционалната двојна казна. Јуки ќе изгуби десет места на гридот, а доби и два казнени поени на неговата супер лиценца.
Стјуардите го казнија Исак Хаџар за блокирање на Карлос Саинц Јр. во шестиот свиок за време на квалификациите.
На сослушувањето, возачот на Рејсинг Булс призна дека го видел Карлос во ретровизорите, но тимот му кажал преку радио дека Саинц Јр. е во бавен круг, па затоа не се тргнал.
Откако Исак Хаџар призна дека го блокирал Карлос Саинц Јр., стјуардите се решиа за стандардната казна за таков прекршок, губење на три старни позиции.
Пјер Гасли се квалификуваше како 19-ти во Канада, но тимот ги прекрши условите на затворениот паркинг со промена на поставката на неговиот болид помеѓу квалификациите и трката. Меѓу другото, тој доби нови елементи од погонската единица.
Откако ја разгледаа ситуацијата, стјуардите ја применија традиционалната казна за таков прекршок, Французинот ќе ја започне трката од пит-линијата.
Возачот на Рејсинг Булс, Лиам Лосон, исто така ќе стартува од пит-линијата.
По квалификациите, механичарите на тимот ја заменија погонската единица на неговиот болид.
Лиам доби нов мотор со внатрешно согорување, ново турбо, нови генератори MGU-H и MGU-K, нова единица за складирање на енергија, нова контролна електроника и нов издувен систем.
Покрај тоа, поставките на неговиот болид беа променети.
Тимот мораше да ги прекрши прописите на затворен паркинг за да ги направи сите промени, па Лиам Лосон ќе стартува од пит-линијата како казна.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ
6/15/2025 03:24:00 PM
0
Share to other apps