Ландо Норис ги потврди прогнозите и ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Австрија, победувајќи ги Чарлс Леклер и Оскар Пјастри, кој имаше малер со жолтите знамиња.
Британецот доминираше во квалификациите од почетокот до крајот, завршувајќи најбрзо во сите три сесии, со што полесно ќе ги преболи случувањата во Канада.
На првите два реда се најдоа болидите на Мекларен и Ферари, наизменично еден зад друг, додека Џорџ Расел заврши петти.
Меѓу изненадувањата беше и Габриел Бортолето, кој со Заубер се пласираше во Q3 и го имаше осмото најбрзо време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По изминати три тренинг сесии, Мекларен, и особено Норис, беа фаворити пред квалификациите, кои започнаа на целосно сув асфалт на температура од 47 степени.
Алекс Албон ја отвори Q1 сесијата, која доцнеше 5 минути, а по него следеа возачите на Астон Мартин и Карлос Саинц Јр.. Тајланѓанецот постигна време од 1:06.015, победувајќи го Строл за 0.046 секунди и Карлос за една десетинка. Фернандо го прекина својот прв круг.
Сè се промени кога се појавија фаворитите. Ландо Норис стартуваше со 1:04.672 и беше четири десетинки од секундата пред Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Оскар Пјастри, откако го прекина првиот круг, забележа време од 1:05.004.
Во последните минути со интензивна активност, никој не успеа да го подобри времето на Ландо Норис, па Британецот ја заврши сесијата на првото место. Елиминирани беа Ленс Строл, Естебан Окон, Јуки Цунода, Карлос Саинц Јр. и Нико Хулкенберг.
По првата сесија во која доминираше Ландо Норис и со силна битка во долниот дел, Q2 сесијата започна со асфалт кој беше полеплив и температура од 48 степени.
Во овој случај, Чарлс Леклер ја отвори акцијата, по него следеа Луис Хамилтон и Алекс Албон, сите тројца користеа црвени гуми. Моначанецот забележа време од 1:05.446, две десетинки од секундата пред својот тимски колега и шест десетинки пред Албон.
Повторно, излегувањето на возачите на Мекларенс придонесе за значително подобрување на времињата. Ландо Норис комплетираше круг од 1:04.410 и го освои првото место, а Оскар Пјастри, со време од 1:04.556, беше на второто место.
Возачите на Ферари се подобрија со нови црвени гуми и се доближија на четири десетинки од Ландо, а Макс Ферстапен заостануваше речиси седум десетинки.
На помалку од шест минути до крајот, кога речиси сите возачи беа во пит-линијата, Луис Хамилтон излета во последниот свиок, помина низ тревата, по што предизвика мал пожар. Поради тоа беа развеани црвените знамиња.
По рестартот, никој не можеше да го победи времето на Ландо Норис, па Британецот повторно беше најбрз, а по него следуваа Пјастри, Леклер, Ферстапен и изненадувачкиот Бортолето.
Фернандо Алонсо не можеше ништо повеќе од П11, а покрај него квалификациите завршија и за Албон, Хаџар, Колапинто и Берман.
По две сесии со мали разлики во зоните за отпаѓање, на ред беше Q3 сесијата на која се одредува стартниот редослед на најбрзите 10 возачи на денешните квалификации. На патеката Ред Бул Ринг, асфалтот беше на 47 степени.
Поради тоа што немаа два нови сета од црвените гуми, Ферстапен, Бортолето, Расел, Лосон, Гасли и Антонели мораа да стартуваат со употребувани гуми, останатите, со нови.
Во својот прв обид, Ландо Норис комплетираше круг за 1:04.268, победувајќи го Чарлс Леклер за 0.224 и Оскар Пјастри за 0.286 делови од секундата. Ферари и Мекларен, на нови црвени гуми, привремено ги зазедоа првите два стартни реда.
Џорџ Расел беше петти, повеќе од половина секунда зад лидерот и речиси една десетинка пред Макс Ферстапен. Антонели, Бортолето, Гасли и Лосон го комплетираа пласманот.
На ред беа последните обиди на возачите, одлучувачките брзи круга, но жолтите знамиња, поради излетувањето и пируетите на Пјер Гасли ги оштетија возачите позади него.
Макс Ферстапен мораше да ја испушти гаста пред да го комплетира брзиот круг, на Оскар Пјастри му беше уништен влезот во неговиот брз круг, Кими Антонели не можеше ни да го започне брзиот круг.
Ландо Норис не беше еден од нив и успеа да го подобри своето време, со кое ја освои својата дванаесетта Пол позиција во Ф1. Чарлс Леклер утре ќе стартува покрај него на првиот стартен ред, Оскар Пјастри и Луис Хамилтон ќе се позиционираат на вториот.
Џорџ Расел заврши со петто најбрзо време, а по него следуваат изненадувачки, Лиам Лосон и Макс Ферстапен. Бортолето, Антонели и Гасли го заокружија редоследот на најбрзите десет возачи.
НОРИС БРЗО ЈА ЗАБОРАВИ КАНАДА, ДОМИНАНТНА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО ШПИЛБЕРГ
6/28/2025 02:03:00 PM
0
Share to other apps