Мекларен е јасен фаворит по уште еден 1-2 финиш и на саботниот тренинг во Австрија, а Макс Ферстапен е очигледна алтернатива.
Чарлс Леклер, исто така, беше во близина, но болидот на Ферари изгледа далеку понестабилен од тој на Ред Бул.
Како што е типично за саботните тренинг сесии, акцијата започна доста бавно, а Макс Ферстапен, кој имаше еден сет плус, беше единствениот возач што ги користеше белите гуми и, заедно со двајцата возачи на Алпин, беше најактивен во овие почетни минути.
Астон Мартин, исто така, комплетираше инсталациски кругови, верни на нивната традиција за стружење на сјајот на новите гуми.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ред Бул Ринг е патека која им овозможува на возачите да ги истражат границите без многу проблеми, особено во одредени свиоци. Имаше неколку излетувања надвор од патеката, особено во првиот и третиот свиок.
Што се однесува до времињата, Ландо Норис забележа време од 1:04.888 со црвените гуми во првата половина од сесијата, а Луис Хамилтон беше втор, три десетинки зад него.
Со преостанати 20 минути, возачите ги имаа квалификациските симулации со нови сетови од најмеката смеша на Пирели, што воедно беше и највозбудливиот дел од саботната тренинг сесија.
Џорџ Расел беше првиот што го стори тоа, но не можеше да го победи претходното време на Норис. Британецот и Кими Антонели завршија со десетинка заостанување од времето на Ландо.
Кога Британецот во Мекларен стави нов сет црвени гуми, беше безмилосен во однос на конкуренцијата, намалувајќи повеќе од половина секунда од претходното негово време, зацврстувајќи го првото место.
Ландо јасно стави до знаење дека на оваа патека нема да дозволи никој да му се меша на врвот на табелите. Оскар Пјастри се доближи на десетинка, Ферстапен и Леклер беа две десетинки подалеку.
Возачите на Мерцедес АМГ беа малку поназад од очекуваното, но, Шпилберг никогаш не била нивна идеална патека, дури ни во нивните доминантни години.
Досега, ова беше еден од најдобрите викенди на Ленс Строл, завршувајќи осми, најдобар од средната на поредокот, па дури и пред Јуки Цунода од Ред Бул. Габриел Бортолето ги комплетираше најбрзите десет возачи на оваа сесиија.
Ајде да видиме што не очекува на квалификациите...
МЕКЛАРЕН Е ЈАСЕН ФАВОРИТ НА РЕД БУЛ РИНГ
6/28/2025 12:34:00 AM
0
Share to other apps