Британскиот тим забележа нов еден-два финиш, со Ландо Норис пред Оскар Пјастри и Чарлс Леклер како главна алтернатива на папаја болидите во текот на целата сесија.
На првата тренинг сесија во Унгарија требаше да се појават еден нов возач, Пол Арон во болидот на Заубер на местото од Нико Хулкенберг, но во последен момент, Фернандо Алонсо се реши да не учествува поради повреда на грбот, а негова замена беше Фелипе Другович во болидот на Астон Мартин.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ, 17:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Иако падокот на Хунгароринг е целосно редизајниран за овогодинешното издание, самата патека останува иста, освен стартниот правец кој е реасфалтиран, но пониските температури во однос на минатата година, донесоа подобрување во однесување на болидите.
На почетокот видивме широк спектар на жолти и бели гуми, но возачите на најдобрите тимови претежно се одлучија за медиум смешата за да ја започнат оваа прва сесија од викендот.
Чарлс Леклер го имаше најдоброто време во првата третина од сесијата со 1:17.420. Мекларен и Ферари покажуваа силни перформанси, а Ландо Норис се врати на врвот на табелата со 1:16.837, половина секунда побрзо од Ферарито.
Имаше проблеми кај два болида. Едниот од нив беше Алпинот на Пјер Гасли, кој ја изгуби моќноста и имаше среќа да може да се врати во својата гаража за да се поправи проблемот.
Пол Арон не можеше да го стори тоа, бидејќи алармите на неговиот волан се вклучија и тој мораше веднаш да го запре својот Заубер. Тоа беше крајот на сесијата за младиот Естонец со швајцарскиот тим, но акцијата ќе ја продолжи со Алпин овој вторник за тестот на Пирели.
Во последната третина од сесијата се одвиваа квалификациските кругови на црвените гуми.
Ландо Норис падна на 1:16.052, една десетинка пред Пјастри и две десетинки пред Леклер, кој засега се покажува како алтернатива на папаја болидите, далеку пред Луис Хамилтон.
Што се однесува до останатите од врвот, како што се очекуваше, ова беше тешка сесија за Макс Ферстапен, бидејќи годинешниот болид на Ред Бул ги наследи лошите карактеристики и се однесува очајно низ бавните свиоци, кои на Хунгароринг ги имаме во изобилство.
За Мерцедес АМГ, првиот тренинг беше повеќе за тестирање и експериментирање, а главниот фокус беше новата задна амортизација, бидејќи сакаа да видат дали е навистина доволно добра, или е скриен чекор назад поради нивната победа во Канада.
Двата возачи на Мекларен без удобно на врвот, со Ферари како каква-таква конкуренција, но со Исак Хаџар сместен помеѓу двата црвени болиди со извнреден круг за четврто место.
Двајца дебитанти се пласираа во Топ 6, со Оливер Берман на шестото место, пред двата возачи на Мерцедес АМГ, кои имаа поинаков редослед од вообичаениот, со Кими Антонели пред Џорџ Расел.
Макс Ферстапен и Ленс Строл го комплетираа топ 10 поредокот. Втората тренинг сесија е закажана за 17 часот.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА УНГАРИЈА