Ландо Норис останува на врвот на табелата, забележувајќи го најбрзото време на третиот тренинг, додека Чарлс Леклер заостана само 21 илјадитинки на второто место.
Мекларен и Ферари се чини дека се најбрзите болиди, кои ќе атакуваат на Пол позицијата, иако не треба да ги занемариме и останатите од горниот дел на табелата.
Едно е сигурно, разликите се мали и неколку илјадитинки може да значат подобра стартна позиција.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Конкуренцијата е исклучително голема, со десет возачи во само четири десетинки еден од друг, останатите под една секунда, што покажува колку блиска ќе биде битката во квалификациите.
Третото најдобро време му припадна на Оскар Пјастри, многу блиску до својот тимски колега и подготвен да се приклучи во борбата за пол позицијата. Веднаш зад него беа Макс Ферстапен и Џорџ Расел.
Дебитантот, Габриел Бортолето имаше изненадувачки настап, завршувајќи шести пред Луис Хамилтон, додека Исак Хаџар, Андреа Кими Антонели и Алекс Албон ги комплетираа најбрзите 10 возачи.
Карлос Саинц Јр. денес резервиран, само 13-ти откако беше еден од подобрите во петочните сесии.
Следа сесија се квалификациите, закажани за 16:00 часот, каде што борбата за Пол позиција ветува дека ќе биде возбудлива.
ЛАНДО НОРИС ЗА ВЛАКНО ПРЕД ЧАРЛС ЛЕКЛЕР
9/06/2025 10:35:00 AM
0
Share to other apps