Макс Ферстапен повторно извозе еден од своите магични кругови, обезбедувајќи ја Пол позицијата на Големата Награда на Италија.
Како и секогаш, Храмот на брзината не разочара во квалификациите, каде гледавме многу тесна и возбудлива битка, а Макс повторно успеа да го покаже својот вонсериски талент.
Холанѓанецот ги победи Ландо Норис за 0.077 делови од секундата и Оскар Пјастри за речиси две десетинки.
Ова е 45-та пол позиција за Макс Ферстапен во Формула 1, а тој ја заслужи со своите надпросечни возачки способности, без никаква заветрина, што е од голема помош на патека како Монца.
Четирикратниот Ф1 шампион забележа одлично време од 1:18.792, и не само што ги победи возачите на Мекларен, туку и постави нов рекорд на оваа легендарна патека.
Зад Мекларен се возачите на Ферари, Чарлс Леклер пред Луис Хамилтон, но Британецот нема да стартува веднаш зад својот тимски колега, туку од П10, поради казната од пет позиции, заработена на минатата трка во Зандворт.
Следуваат возачите на Мерцедес АМГ, Џорџ Расел пред Кими Антонели, а најдобар од останатите беше Габриел Бортолето на осмото место, повторно добивајќи заветрина од Макс Ферстапен.
Фернандо Алонсо заостана околу 5 стотинки зад болидот на Заубер, обезбедувајќи ја деветтата стартна позиција за Астон Мартин. Јуки Цунода не можеше подобро од П10, но тој и сите возачи помеѓу него и Хамилтон ќе напредуваат една позиција.
Формула 1 се враќа во акција, утре попладне, во 15 часот за 16-тата трка за оваа сезона.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
МАКС ФЕРСТАПЕН СО РЕКОРДЕН КРУГ НА ХРАМОТ НА БРЗИНАТА
9/06/2025 03:20:00 PM
0
Share to other apps