Чарлс Леклер беше негов најблизок ривал, со десетинка и пол заостанување, во сесија во која возачите на Мекларен беа прилично резервирани.
Но, се вративме на ноќните трки, а во вакви викенди, првиот и саботниот тренинг се под многу различни услови од квалификациите и трката, па затоа собраните податоци не се премногу релевантни.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Во секој случај, на патека како Марина Беј, круговите се многу важни и затоа не е препорачливо да се губи ниту една минута.
Алекс Албон имаше проблеми со сопирачките што предизвика многу чад да излегува од неговиот Вилијамс, а на неговите механичари им требаа неколку минути да се ослободат од него. Тајланѓанецот се врати во својата гаража за да го гледа остатокот од сесијата оттаму.
За почеток на акцијата на Марина Беј од повеќето возачи беа користени белите гуми, освен возачите на Астон Мартин.
Тимот од Силверстоун се одлучи за жолти гуми на двата болида, а тоа му помогна на Алонсо да биде при врвот на табелата во текот на првиот половина час од сесијата. Тој беше трет, зад само Ландо Норис и Макс Ферстапен.
Минатогодишниот победник и второпласираниот беа одвоени во само 21 илјадити дел од секундата, а Британецот имаше време од 1:32.493. Сè уште имаше простор за подобрување.
Кога возачите започнаа да преминуваат на помеките смеши, Карлос Саинц Јр. ја презеде водечката позиција со нов сет на жолти гуми, со време од 1:31.812, а Алонсо беше втор веднаш зад него.
Но, возачите кои на патеката се вратија на црвените гуми, значително започнаа да ги намалуваат времињата по круг. Чарлс Леклер беше првиот возач што го победи времето на Саинц Јр., и тоа за половина секунда.
Макс Ферстапен беше една десетинка зад Леклер, Норис четири, а Оскар Пјастри заостануваше една секунда, оставајќи впечаток дека Мекларените кријат нешто.
Оној кој го подобри времето на Леклер беше Алонсо, со одлични 1:31.116. Болидот на Астон Мартин работеше добро на првиот тренинг во Сингапур. Но, само за Шпанецот, кој беше речиси две секунди побрз од неговиот тимски колега, Ленс Строл.
Зад Алонсо беа Леклер и Ферстапен, а Луис Хамилтон заврши четврти, со најдобар трет сектор. Двата возачи на Мекларен беа блиску еден до друг и веднаш зад нив, а Пјастри беше пред Норис откако се подобри во последниот сектор.
Австралијанецот беше петти, а Британецот шести, оставајќи впечаток дека не форсираа премногу на оваа нерелевантна сесија, но и во такви услови Пјастри имаше неколку блиски средби со бариерите.
Исак Хаџар заврши седми, а Саинц Јр. осми, и всушност, со најбрзо време од сите оние што не користеа црвени гуми. Тој беше седум десетинки зад времето на Алонсо на жолти гуми, а перформансите на Вилијамс не изгледаат толку лошо ниту на овој почеток на викендот.
Јуки Цунода и Естебан Окон го комплетираа топ 10 поредокот на почетната тренинг сесија, во која не видовме многу перфоманси од Мерцедес АМГ.
Дали ќе се појават на вториот тренинг, останува да видиме. Секако тоа е најрелевантната сесија на патеката Марина Веј, во Сингапур.
ПРИЈАВЕНИ НАДГРАДБИ ЗА СИНГАПУР







