Во пресрет на Големата награда на Соединетите Американски Држави на патеката во Остин, Хас ја започна неделата со откривање на специјален дизајн на своите болиди.
Засега, единствениот американски тим на гридот, останува верен на традицијата, и продолжува да бранува со "Американските" бои.
Инспириран од американскиот дух и со алузија на класикот "Роден во САД (Born in the U.S.A.)", домашниот тим се стреми да се истакне пред домашната публика со освежен изглед.
Ова не е прв пат тимот предводен од Ајао Комацу да го менува изгледот на своите болиди. Во 2025 година, тие дебитираа со специјални бои на Големата награда на Јапонија, инспирирани од цветовите на црешите, и во Канада, каде што го прославија своето 200-то учество во Формула 1.
Хас пристигнува во Тексас на деветтото место во Шампионатот на конструктори, само девет бода зад Заубер. На индивидуален план, Естебан Окон беше главен придонесувач со 28 бода, додека младиот Оливер Берман додаде 18 досега во својата дебитантска сезона.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.